Левица ги објави кандидатите за градоначалници за скопските општини

По долги анализи, политичката партија Левица ги објави имињата на вториот бран кандидати за градоначалници на скопските општини за кои вели дека се личности со висок професионален кредибилитет, добро познати за јавноста, личности кои се подготвени за предизвикот – да ги водат локалните самоуправи во скопските општини.

Кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода е проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.

Кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров е адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на позната адвокатска канцеларија, борец за социјална правда, координатор на Трудов сектор на Левица.

Кандидат за градоначалник на Општина Карпош е Антонио Димитров, актуелен директор на најстарата културна установа во Скопје, Културно-информативниот Центар. На институцијата, Димитров како управител ѝ овозможи мошне богата, разновидна и редовна програма.

Кандидат за градоначалник на Општина Гази Баба е Златко Тренчевски, металуршки инженер со долгогодишно раководно искуство во повеќе познати компании.

Кандидат за градоначалник на Општина Аеродром е Марјан Димитриев, дипломиран економист и консултант за претприемништво и бизнис развој, со фокус на одржливи економски политики.

реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Македонија

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење, рече Ангелов и се напи од уличната чешма

Read more

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Read more

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Read more

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Read more

Вести

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење, рече Ангелов и се напи од уличната чешма

Читај повеќе

Москва го обвинува Вашингтон за вмешаност во нападите длабоко на руска територија

Читај повеќе
  • play_arrow

Бегале од огнот в море: Спасени 200 лица во страшниот пожар во Хрватска, меѓу нив и деца

Читај повеќе

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Читај повеќе

Загина 19-годишна девојка во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Читај повеќе

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон Centar Night Run

Читај повеќе

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Читај повеќе
  • play_arrow

Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, 7 се борат за живот

Читај повеќе

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Читај повеќе