Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија

Податоците на Управата за јавни приходи уште еднаш покажуваат дека Левица беше единствената политичка партија која отворено застана против коцкарската индустрија. Само во првите шест месеци од годинава, граѓаните на Македонија и странските државјани потрошиле речиси 1,6 милијарди евра во казина, автомат-клубови и обложувалници. Секоја година коцкарскиот бизнис станува поголем, а секоја година народот станува посиромашен, посочуваат од Левица.

Левица, напоменуваат од партијата, со години предупредува дека зад „игрите на среќа“ стои цела индустрија изградена врз економската беда на народот.

„Затоа во Собранието баравме укинување на казината, обложувалниците и автомат-клубовите, ограничување на онлајн коцкањето и забрана на агресивното рекламирање со кое коцкањето се продава како нормална забава. Додека другите партии молчеа или предлагаа козметички измени, Левица отвори фронт против целата оваа индустрија. Власта, наместо да ја сопре, реши само да ја премести од една улица на друга.

А, проблемот не завршува со последниот денар изгубен во обложувалница. Кога ќе исчезнат платата и заштедата, доаѓаат брзите кредити. Кога ќе се потроши и кредитот, доаѓа нов кредит. Така се создава спирала на коцкање, задолжување и сиромаштија, во која едни го губат својот доход, а други го претвораат во профит. Токму затоа Левица отвори фронт и против брзите кредити и ги повика граѓаните да ги пријавуваат злоупотребите на финансиските друштва. Не можеме да зборуваме за коцкарската индустрија, а да го игнорираме системот на лихварство што стои веднаш до неа.“

Во Македонија, оценуваат од партијата, се создава економија во која сиромаштијата на народот станува туѓ профит. Наместо парите да останат во семејствата, да се потрошат на и онака скапите храна, домување, образование, тие, додаваат од Левица, исчезнуваат во автомати, казина и обложувалници. „А потоа истиот човек зема брз кредит за да го преживее месецот. Ова е добро осмислен бизнис-модел, аминуван од власта на ДПМНЕ.

Затоа Левица нема да престане да бара целосна забрана на коцкањето и ограничување на рекламирањето на 'игрите на среќа'. Додека власта ги брои даноците што ги собира од коцкарскиот бизнис, Левица ги брои милијардите што народот ги губи директно во џебовите на коцкарските газди и сите човечки иднини згаснати ради нормализираната коцкарска зависност.“

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Македонија

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Read more

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Read more

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Read more

Утре ќе се вози по изменет сообраќаен режим кон гробиштата во Скопје

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе