Левица: Лицата со аутизам и даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе амандмани за измена на Програмата за повластен паркинг за лицата со попреченост.

Оваа Програма опфаќа одредени категории на лица со попреченост, но лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром не беа опфатени, велат од партијата Левица.

„Четири години од оваа говорница се бориме за измена на оваа Програма. Секогаш се наоѓаше некаков изговор да не се направи тоа. На лицата со попреченост им е доста од изговори. Родителите на деца со аутизам и Даунов синдром и онака имаат големи финансиски издатоци за лекување на нивните деца кои Фондот за здравство не ги рефундира, плаќаат приватно дефектолози и слично, така да плаќањето на паркинг простор им е дополнителен товар, бидејќи некои од нив оваа услуга ја користат секојдневно“, истакна во своето излагање Катерина Јовановска, координаторот на советничката група на Левица.

„Иако првично од страна на Градот амандманите не беа прифатени, по аргументираното излагање на Јовановска Советот едногласно изгласа Заклучок – Програмата да биде изменета и лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром да добијат повластен паркинг.

Истово ќе важи и за лицата со попреченост кои што не живеат во Скопје, а доаѓаат во главниот град за лекување, се додава во соопштението на партијата Левица.

Remote video URL
реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Read more

Македонија

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Read more

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Read more

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Read more

Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба

Read more
 

Вести

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Читај повеќе

Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец

Читај повеќе

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе
  • play_arrow

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Читај повеќе

Сведоштво од Иран: Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите

Читај повеќе

Нови израелски напади врз Газа: Убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Читај повеќе

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Читај повеќе

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Читај повеќе

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Читај повеќе