Левица: Македонија треба да преговара со институциите на ЕУ, а не да прифаќа билатерални уцени

Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата во преговорите со Бугарија е политичка манипулација и извртување на самиот поим „национално единство“. Преговори со Бугарија не се исто што и преговори со Европската Унија, а самото прифаќање на билатерални преговори со Софија веќе претставува политички став, а не некаква неутрална и стандардна процедура, велат од Левица.

„Национално единство не се гради со делење места во преговарачки тимови, туку со усогласување на заеднички државни позиции за тоа што, со кого и под кои услови се преговара. Сосем легитимна е позицијата да се поддржува членството на Македонија во ЕУ, но истовремено да се отфрлаат билатералните преговори со Бугарија како услов за евроинтеграција, притоа инсистирајќи преговорите да се водат исклучиво на инстанци на Унијата, односно, во рамки на официјалните институции и преку механизми на Унија.

И конечно, преговорите со ЕУ треба да бидат суштински преговори, водени во рамките на националните интереси на Македонија, а не процес во кој од државата постојано се бара да ги жртвува сопствените интереси заради безусловно исполнување на барањата од Брисел.

Токму тоа е и принципиелната позиција на Левица: не сме против преговори со ЕУ, туку против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција. Инсистираме на директни и суштински преговори со институциите на ЕУ, во кои Македонија ќе настапува како рамноправен субјект со сопствени позиции и државни интереси“, се вели во соопштението.

реклама

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Како Ким направи елитна група хакери кои крадат милијарди?

Read more

Македонија

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Read more

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Read more

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Read more

Утре ќе се вози по изменет сообраќаен режим кон гробиштата во Скопје

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе