Левица не се откажува од барањето за една изборна единица

Додека пред меѓународните чинители Мицкоски и ДПМНЕ глумат дека Изборниот законик им е реформа за која многу силно се борат да се донесе – тие се обидуваат одговорноста за неговото недонесување да ја префрлат врз опозицијата, велат од Левица и наведуваат дека нема да се откажат од барањето за една изборна единица.

Оттаму велат дека партијата која има мнозинство во Собранието ја предводела Работната група и го предложила текстот на законот, а денес глуми неутрален набљудувач кој наводно ќе прифател сѐ што ќе се договорат опозициските партии.

„Власта не може истовремено да биде и предлагач, и арбитер, и жртва. Ако ДПМНЕ навистина смета дека една изборна единица е исправно решение, нека застане зад сопствените ветувања, наместо кукавички да се крие зад потребата опозицијата прво да се договори. Црвената линија на ДПМНЕ не е една изборна единица, еднаквата вредност на секој глас или укинувањето на изборните неправди, туку гласањето на дијаспората. Наместо да ги бранат принципите што ќе создадат поправеден изборен модел, тие избраа да ја претворат дијаспората во политички штит зад кој ќе ја сокријат суштинската реформа. ДПМНЕ денес се однесува како со нивниот авторитарен однос и црвени линии поставени во последен момент да не е главната причина за недонесување на Изборниот законик, туку најмирна страна и негов случаен набљудувач. Сега смислија и алиби за одржување на нивната удобност, па процесот го префрлија врз опозицијата, а доколку реформата пропадне, повторно ќе ја обвини истата таа опозиција“, велат од Левица.

Според партијата, дополнително смешно е што се покажало дека патетичните обиди на ВМРО-ДПМНЕ да се претстави како заштитник на дијаспората пропаднале уште пред да започнат.

„Очекуваа патриотски аплауз, а го добија спротивното. Ни дијаспората не им поверува дека преку ова одеднаш ја откриле љубовта кон иселениците. Јавноста препозна дека темата беше извадена во последен момент како средство за одржување на статус-квото и овој модел од кои поголемите политички партии профитираат, а штетата е на сметка на Левица и граѓаните“, велат од Левица.

И конечно, додаваат од партијата, јавноста има право да постави едно многу непријатно прашање. „Европската Унија обезбедува околу 4 милиони евра поддршка доколку се донесе нов Изборен законик. Но, ако тој повторно не се донесе, според постојниот модел ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН повторно ќе поделат околу 10 милиони евра државни средства за платено политичко рекламирање. Кога ќе се стават бројките на маса, станува многу појасно зошто некои партии се толку комотни и инсистираат процесот да пропадне“, тврди Левица.

реклама

Спа центар на извори стари 80.000 години, ноќевање само 400 денари

Read more

Голем финансиски хороскоп за ЈУЛИ 2026 година

Read more

Клубот му забрани на Белгиецот Дебаст денеска да игра против Шпанија

Read more

Венера влезе во Девица на 9 јули: Што значи тоа за вашиот хороскопски знак?

Read more

Македонија

Прекини на струја и вода во неколку скопски населби

Read more

УХМР: Услови за нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Само горива што ги исполнуваат пропишаните стандарди ќе можат да се пласираат на пазарот, по 19 години нова Уредба за квалитетот на горивата

Read more

Левица не се откажува од барањето за една изборна единица

Read more

Вести

Европа е во големи проблеми: Нов притисок врз горивата

Читај повеќе

Идниот британски премиер повика на поголем притисок врз Израел

Читај повеќе

Русија го осудува самитот на НАТО: Нивните одлуки би можело да имаат катастрофални последици

Читај повеќе

Вештачењето откри колку напаѓачи пукале во Нешовиќ и од која далечина

Читај повеќе
  • play_arrow

Референдум за излез од НАТО предлага претседателот на словенечкиот парламент  

Читај повеќе

Има план за атентат на Доналд Трамп, тврдат Израелците 

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Падна далновод во Шпанија, избувна пожар, има најмалку 12 мртви

Читај повеќе
  • play_arrow

Црногорскиот претседател: Европскиот пат не е откажување од нашиот идентитет

Читај повеќе

Израел: Подготвени сме да го нападнеме Иран по трет пат ако е потребно

Читај повеќе