Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Во очајнички обид да задржи барем трошка релевантност, партијата наречена СДС повторно ја бара Левица како виновник за сопствената политичка какафонија. Партијата која ги распродаде фабриките и претпријатијата на народот, која зад себе остави илјадници стечајци и деца со празни стомаци, која со години беше на власт и ја уби секоја надеж кај граѓаните дека утре може да биде подобро, денес се обидува да ни држи лекции за минималната плата, велат од Левица.

Причината за преписките на релација СДСМ-Левица е неусвоениот предлог-закон на социјалдемократите за минимална плата од 600, кој пратениците не го изгласаа, а оние од редовите на Левица воопшто не гласаа. И, како што велат, не гласале со причина, оти предлог-законот предвидува државниот буџет да ја плаќа разликата од сегашните 450 до предложените 600 евра, а не работодавачите.

„Предлогот за кој СДС направи цел театар предвидува државата да му го плаќа работникот на газдата, а газдата да го присвојува профитот од неговиот труд. Значи, разликата од сегашните 450 до предложените 600 евра нема да ја плаќаат газдите од сопствениот профит, туку државата со народни пари“, ја откривата позадината на предлежениот закон на социјалдемократите.

„А, тие пари што би оделе кај газдите се ВАШИ ПАРИ од даноците од ВАШИТЕ плати. Тоа се средства кои, со одговорна и народна политика, можат да одат во изградба на болници, училишта, патишта, јавен превоз и инфраструктура што му служи на целото општество. Наместо тоа, СДС предлага дел од тие средства да завршат кај приватните компании за да можат тие со јавни пари да ја исплаќаат платата на својот работник.

„А, најдобар доказ за тоа колку олигарсите од СДС се ОДЛЕПЕНИ ОД РАБОТНИЧКАТА РЕАЛНОСТ е што за овој предлог воопшто не ни разговарале со синдикатите. Во време кога синдикатите веќе јасно укажуваат дека приказната за 600 евра е застарена, СДС ни продава стара политика во ново кич пакување. Со секојдневното растење на синдикалната кошница, за еден човек да обезбеди колку-толку нормален, иако сè уште крпен живот, синдикатите се изјаснија дека потребни се најмалку 800 евра“, велат од Левица.

Левица минатата година, според тогашната синдикална кошница, предложи минимална плата од 500 евра во координација со синдикатите, а паралелно со тоа отвори и поширока борба за намалување на експлоатацијата на трудот.

„Предложивме шестчасовен работен ден, регулирање на патните трошоци, исплата на платите најдоцна до 5-ти во месецот и флексибилно работно време за родителите на деца до 6 години. Предложивме породилното отсуство да се зголеми од 9 на 18 месеци, заштита на работниот однос на бремените работнички и почитување на законското право на 7 дена боледување без работниците постојано да бидат изложувани на сомнежи и проверки.

Сите овие мерки се дел од истата борба: работникот да има повеќе слободно време, сигурно работно место, заштита кога ќе се разболи и плата со која ќе може достоинствено да живее. Не е доволно само да се зборува за повисоки плати додека се одржува системот во кој работникот го создава богатството, а олигархијата го присвојува.“

„А, над сето ова стои СТРАШНОТО прашање од кое СДС секогаш бега: КОЈ ЈА ПОСЕДУВА ЕКОНОМИЈАТА И КОМУ МУ СЛУЖИ ДРЖАВАТА?

И баш тука ни се разделуваат патиштата со КАПИТАЛИСТИЧКОТО СДС: Нивниот води кон продолжување на капиталистичката приватизација, евтината работна сила и државните субвенции за газдите. Нашиот кон јавна контрола врз стратешките ресурси и економија во служба на работничкото мнозинство.

Едниот пат го одиме веќе 35 години и го знаеме катастрофалниот резултат. Ајде да видиме каков е другиот“, порачаа од црвената партија.

реклама

Студени утра и магла викендов, од следната недела можност за дожд

Read more
Министерoт Тaрaвaри испрaтил ненaјaвенa инспекцијa нa Гинекoлoгијa

Министерoт Тaрaвaри испрaтил ненaјaвенa инспекцијa нa Гинекoлoгијa

Read more
Канческа-Милевска на суд за тендерите за изградба на Музејот на ВМРО

Канческа-Милевска на суд за тендерите за изградба на Музејот на ВМРО

Read more
„The Mule“ трејлер: Клинт Иствуд е 87-годишен дилер на дрога

„The Mule“ трејлер: Клинт Иствуд е 87-годишен дилер на дрога

Read more

Македонија

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Read more

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Read more

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Read more

Утре ќе се вози по изменет сообраќаен режим кон гробиштата во Скопје

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе