Левица: Пливачите останаа на цедило – министерот Борко плива во тишина и безидејност

Министерот за спорт, Борко Ристовски, се нема огласено по затворањето на базенот „Борис Трајковски“, а ветуваше брзо и ефективно решавање на проблемите во пливањето. Стотици пливачи и ватерполисти останаа без соодветни тренинзи, велат од партијата Левица.

„По обичај, цената за пропустите ја плаќа некој друг, во случајов тоа се македонските пливачи кои се принудени да се снаоѓаат на свој начин користејќи ги останатите базени во државава за да ја одржуваат формата и неопходните тренинзи за што се потребни дополнителни трошоци кои пливачите и нивните родители ги даваат од сопствениот џеб.

Ова би требало најдобро да го знае министерот Борко Ристовски, кој сѐ уште се нема произнесено во јавноста во врска со затворањето на базенот во СЦ 'Борис Трајковски', не нудејќи притоа никаква алтернатива за спортистите и клубовите засегнати со овој проблем.

Го повикуваме министерот да се одважи од вторите редови на една од прес-конференциите на премиерот Мицкоски, да ги соопшти планот, динамиката и временската рамка за најавеното реновирање на базенот, што е од исклучителна важност за развојот на пливачките спортови во Македонија.

Самиот Борко Ристовски ветуваше брзо и ефективно решавање на проблемите во пливањето, посебно акцентирајќи го овој спорт.

Упатуваме апел до министерот за спорт да пристапи со директна финансиска помош до клубовите, пливачите и ватерполистите и да изготви решение за моменталната ситуација за која не се знае до кога ќе трае.

Спортистите бараат тренинзи во соодветни термини и во соодветен број стази. Тоа се истите спортисти на кои им претстојат големи натпреварувања и на чиј грб се рекламира министерството за спорт кога ја претставуваат државата.

Спортистите како најголеми амбасадори на земјава во светот го заслужуваат тоа“, се додава во соопштението на партијата Левица.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Како пиењето кафе на празен стомак влијае на здравјето?

Read more

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Македонија

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди, утринска магла во котлините

Read more

Вести

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Читај повеќе

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Читај повеќе

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Читај повеќе

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, утринска магла во котлините

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе