Левица: Скопје беше кренато од урнатините, денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Скопје се проектираше како град по мерка на човекот. Денес се прекројува по мерка на профитот. Урбанистичките планови се предмет на пазарење, јавниот интерес се повлекува пред приватниот, а просторот што треба да им припаѓа на сите се претвора во нечие лично богатство, велат од Левица.

„Поуката од 1963 година беше дека градот мора да се планира внимателно и одговорно кон идните генерации. Денес таа одговорност отстапува место на краткорочниот профит, дивоградбите и корупцијата. Градоначалници, министри свечено го одбележуваат 26 Јули, додека во остатокот од годината молчат пред оние што го распродаваат просторот метар по метар“, обвинуваат од оваа опозициска партија.

Сеќавањето нема вредност доколку се сведува на протокол и венци, додаваат оттаму. Вистинскиот однос кон 1963 година подразбира безбедно градење, неприкосновен јавен интерес, стручни урбанистички решенија и институции што не се виткаат пред градежниот капитал.

„Земјотресот од 1963 година не можеше да се спречи, но последиците од денешната негрижа можат. Ветерот што неодамна го погоди Скопје не беше толку катастрофален сам по себе, катастрофа беше сознанието дека град, кој некогаш бил пример за обнова и планирање, денес е толку запоставен и хаотичен што и временска непогода остава тешки последици што не би смееле да бидат нормална појава. Нашата обврска е да не дозволиме градот на солидарноста да биде град на беззаконието.“

По повод 63 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, делегација на Левица составена од потпретседателот и пратеник м-р Реџеп Исмаил-Хактан, пратеникот и кандидат за градоначалник на Скопје на последните локални избори, Амар Мециновиќ, и советничката во Советот на Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, положи свежо цвеќе на споменикот посветен на настраданите во скопската катастрофа.

реклама

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Контроверзни одлуки на српската изборна комисија 20 дена пред изборите

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Мајкл Даглас за татко му Кирк: Го доживував тато како Супермен

Read more

Македонија

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Read more

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Read more

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Read more

Починати, отселени, лажни лица биле корисници на социјална помош, соопшти Мицкоски

Read more

Вести

  • play_arrow

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Читај повеќе

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Читај повеќе
  • play_arrow

Косово има нова претседателка

Читај повеќе

Ким му го честита роденденот на најдрагиот пријател Путин: Ќе победи во светата војна

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од повеќе скопски населби

Читај повеќе

Ќе нема вода улица во Тафталиџе II

Читај повеќе

Студено утро, во текот на денот сончево и топло, од петок дожд

Читај повеќе

Кос за новите клаузули за идните членки: Тоа е еден вид осигурување

Читај повеќе

Бугарскиот министер за погодените бродови: Имам свое убедување чии се дроновите

Читај повеќе