Левица: Срамно - конзулатот во Њу Џерси работи само 4 часа неделно

„Срамно и понижувачко е постоењето на Конзулатот на Република Македонија во Риџфилд Парк, Њу Џерси, кој работи само 4 часа неделно – два часа во вторник и два во четврток, и тоа е жив доказ за институционалното запоставување на македонската дијаспора“, велат од партијата Левица.

„Нашиот народ кој живее, работи и придонесува во САД е принуден да се соочува со крајно минорни и ограничени услуги, затворени врати и администрација која не одговара ниту на телефон. Тоа е директно понижување за граѓаните чии даноци и вложувања се игнорираат од страна на една сервилна и неефикасна дипломатија. Ниту една друга држава во светот, како што сами велат граѓаните, ни приближно не покажува ваква рамнодушност и игнорирање на сопствените сограѓани.

Овој однос на Македонско конзуларно претставништво во светот не е единствен. Честопати се регистрира и во други држави, и не мал бројот на наши сограѓани очајуваат поради нефункционални веб-страници, неодговарање на телефон во работно време и патувања на празно зашто работното време е или недоволно или неправилно означено.

Ги повикуваме надлежните од Министерството за надворешни работи да објаснат зошто оваа институција во Њу Џерси практично не функционира, и да преземат итни мерки за проширување на работното време, вработување на соодветен кадар и воспоставување ефикасна комуникација со македонските државјани. Исто така, секојдневно да ги ажурираат податоците на конзуларните веб-страници и во сите останати држави во однос на податоците што се од корист на нашите сограѓани во странство.

Да не се заборава дека македонската дијаспора е жив организам кој со децении ја поддржува татковината и има право на достапни и ефикасни конзуларни услуги“, соопшти партијата Левица.

Тагови
реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Македонија

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Read more

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Read more

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Read more

Температури до 25°C, вечерва пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

САД и Кина постигнаа договор

Читај повеќе
  • filter

Дали Трамп ќе го „оживее“ злогласниот затвор Алкатраз?

Читај повеќе

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Читај повеќе

Индија и Пакистан најавија директни преговори, се почитува прекинот на огнот

Читај повеќе

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Читај повеќе

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

Скок на цените на нафтата

Читај повеќе

Делови од Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Како Владимир Путин повторно го надмудри Трамп?

Читај повеќе