Левица: Уште колку жртви и аларми им требаат на институциите за да го сопрат Дурмо турс?

На 3 август 2026 година, автобус на Дурмо турс се запали на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Но, безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано или подоцна, велат од партијата Левица.

„Кога гори автобус на превозник чие име е нераскинливо врзано со Ласкарци, државата нема право случајот да го третира како обичен дефект и уште една ставка во билтенот на МВР. Историјата на оваа компанија бара многу повисоко ниво на институционална будност.

На 13 февруари 2019 година, во автобусот на Дурмо турс кај Ласкарци згаснаа 16 човечки животи, а 38 патници беа повредени. Обвинителството утврди сериозни пропусти во контролата на техничката исправност, неводење соодветни евиденции, манипулација на тахографот и пуштање во сообраќај автобус со неисправности во системот за сопирање.

По долгогодишна постапка, Апелациониот суд ги зголеми казните на сопственикот Дурмиш Белули и на одговорниот за транспорт Ремзи Мифтари на по 10 години затвор. Белули започна со издржување на казната во јануари 2026 година, додека Мифтари не се јави во затвор и по него беше распишана потерница. Судскиот совет дополнително утврди пропусти и незаконски одлагања при извршувањето на неговата казна. Значи, државата не само што доцнеше со правдата, туку дозволи и еден од правосилно осудените да ѝ исчезне пред очи.

За ноншалантноста на овој превозник кој ја има поради незаинтересираноста на институциите говори и фактот што тој нижи скандали, па така во март годинава, на граничниот премин Табановце, во автобус на истиот превозник беа откриени 580 парчиња муниција.

И по трагедија со 16 загинати, по правосилни пресуди, по бегство на осудено одговорно лице, по пронајдена муниција и по нов пожар во патнички автобус, јавноста сè уште нема одговор на основното прашање за тоа каков засилен надзор врз Дурмо турс спровеле институциите и што конкретно направиле за да гарантираат дека патниците повеќе нема да бидат дел од туѓа деловна пресметка со ризикот?

Бараме Министерството за транспорт, Државниот инспекторат за транспорт, МВР и Јавното обвинителство веднаш да ги утврдат причините за пожарот и јавно да ги соопштат наодите од увидот и вештачењето. Потребен е вонреден инспекциски надзор врз целиот возен парк, документацијата за одржување, техничките прегледи, системите за сопирање, тахографите, работното време на возачите, противпожарната опрема и исполнувањето на условите за секое возило со кое се врши јавен превоз.

Институциите се должни да бидат темелнни и ажурни и да не се плашат да ги употребат најстрогите механизми што им стојат на располагање – забрана за користење на неисправните возила, привремено запирање на дејноста и одземање на лиценците и дозволите.

Кога по 16 загинати државата повторно чека чад за да се разбуди, тоа веќе не е пропуст, туку систем во кој туѓиот профит има институционална заштита, а животот на патникот се сведува на прашање на среќа“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Македонија

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење, рече Ангелов и се напи од уличната чешма

Read more

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Read more

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба

Read more

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Read more

Вести

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење, рече Ангелов и се напи од уличната чешма

Читај повеќе

Москва го обвинува Вашингтон за вмешаност во нападите длабоко на руска територија

Читај повеќе
  • play_arrow

Бегале од огнот в море: Спасени 200 лица во страшниот пожар во Хрватска, меѓу нив и деца

Читај повеќе

Министерството објави броеви за македонските граѓани кои се во Грција и имаат потреба од помош

Читај повеќе

Загина 19-годишна девојка во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Читај повеќе

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон Centar Night Run

Читај повеќе

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Читај повеќе
  • play_arrow

Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, 7 се борат за живот

Читај повеќе

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Читај повеќе