Левица: Владата во служба на финансиските елити - рекордни добивки за банките, беда за народот

Последните финансиски извештаи на банките уште еднаш ја разобличуваат длабоката диспропорција во македонската економија: додека банкарскиот сектор бележи рекордни профити, најголемиот дел од граѓаните се соочуваат со инфлациски притисоци, поскапен живот и плати кои не го следат растот на трошоците. Овој контраст е логичен производ на економски модел кој системски го фаворизира финансискиот капитал на сметка на општото добро, велат од Левица.

Според оваа партија, банкарските добивки РАСТАТ со динамика која не кореспондира со реалниот економски раст ниту со продуктивноста во државата. Значителен дел од профитабилноста се должи на високи каматни маржи, провизии и пренесувањето на финансиските ризици врз граѓаните и стопанството.

„Само за периодот јануари-јуни банките прокнижија нето добивка од неверојатни 150 милиони евра, додека нивната актива порасна за 1,8 милијарди евра споредено со истиот период лани, односно од 12,2 милијарди евра на 14 милијарди евра. Приходите од камати се зголемени од 285 милиони евра во 2024 на 295 милиони евра годинава, а од провизии и надоместоци за шест месеци се наплатени 93 милиони евра од граѓаните и компаниите“, велат пресметките на Левица.

Додаваат дека за периодот јануари-септември само двете најголеми банки оствариле добивка од неверојатни 110 милиони евра, а шест македонски банки повторно се меѓу стоте најголеми банки во Југоисточна Европа, на повисоки позиции обезбедени од растот на нивните активи. Овој „успех“, иако престижен за банките, само ја нагласува нееднаквоста во распределбата на финансиските ресурси и профитите кои се концентрираат во мал број институции, додека најголемиот дел од граѓаните немаат директна корист од овие достигнувања.

„Во вакви услови, Владата е пасивна без какви било мерки за ублажување на товарот врз граѓаните или за поттикнување поголема правичност во финансискиот систем. Наместо да ја регулира профитната експанзија на банките, таа дозволува милиони евра да се акумулираат во банкарскиот сектор, додека домаќинствата се борат со растечки трошоци на живот.“

Левица укажува дека е неопходно воспоставување поцврста регулатива, јакнење на институциите за надзор и воведување политики кои ќе гарантираат правична распределба на финансиската добивка.

„Банкарскиот сектор мора да биде ставен во функција на економскиот развој, а не граѓаните да бидат ставени во функција на неговата профитабилност. Финансиски систем кој генерира рекордни профити додека граѓаните тонат во зголемени трошоци и намалена куповна моќ е систем кој мора да се реформира. Социјалната и економската рамнотежа не може да постојат во држава каде што богатството се концентрира, а товарот се префрла врз најранливите.“

реклама

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Дали 50.000 „камикази“ доаѓаат на украинскиот фронт?

Read more

Девет земји го одложуваат EES системот: Новите проверки сè уште имаат многу недостатоци

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Македонија

Филипче: Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и Македонија ќе влезе во ЕУ

Read more

Дизелот поевтинува за 2 денара, бензините поскапуваат

Read more

Камениот мост добива нов сјај, започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување

Read more

Поставена чекална – симбол на корупцијата во здравството: Герила акција на Партизанска

Read more

Вести

  • play_arrow

9/11: Автомобилите што никогаш не се вратија дома

Читај повеќе

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник

Читај повеќе

Трамп: Украина и Русија се договорија да не ги напаѓаат енергетските постројки

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и Македонија ќе влезе во ЕУ

Читај повеќе

ЕУ подготвува големи правила за новите членки: Без вето и со можност за задржување на пари

Читај повеќе

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Читај повеќе

Дизелот поевтинува за 2 денара, бензините поскапуваат

Читај повеќе
  • filter

Камениот мост добива нов сјај, започнаа активностите за архитектонско и декоративно осветлување

Читај повеќе

Поставена чекална – симбол на корупцијата во здравството: Герила акција на Партизанска

Читај повеќе