Личната карта и возачката дозвола на телефон: Во октомври стартува апликацијата м.Услуги

Личната карта и возачката дозвола граѓаните ќе можат да ги имаат и во електронска форма на својот мобилен телефон преку новата државна апликација м.Услуги, која во моментов се тестира, а нејзината промоција е најавена за октомври.

Фото: Кајгана

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, рече дека апликацијата е веќе подготвена и дека идејата е постепено на едно место да се обединат документите и електронските услуги што граѓаните ги користат во комуникацијата со државата.

„Ветив дека во втората половина од мандатот ќе успееме да подготвиме мобилна апликација. Сега конечно можам да кажам дека таа е подготвена и во моментов ја тестираме. Во октомври ќе организираме голем настан на кој ќе ја промовираме пред граѓаните“, рече Андоновски.

Во првата верзија на м.Услуги ќе бидат достапни електронската лична карта и електронската возачка дозвола, како и неколку електронски услуги од јавната администрација.

„Ја замислуваме како апликација што ќе ви биде потребна за сè што сакате да завршите, а е поврзано со државата. Во моментов постојат повеќе различни апликации и системи, а нашата цел е услугите за граѓаните да ги обединиме на едно место“, објасни министерот.

Користењето на апликацијата нема да биде задолжително. Граѓаните кои нема да сакаат да ја користат ќе можат и понатаму да се идентификуваат со физичките документи, додека преземањето и користењето на м.Услуги ќе бидат бесплатни.

Апликацијата е развиена како дел од проект вреден 1,5 милиони евра, но, според Андоновски, нејзината изработка не е платена од државниот буџет. Проектот бил обезбеден во соработка со надлежните институции од Полска и Украина и со Европската Унија.

„Апликацијата е изработена од македонски инженери, таа е македонски производ и останува во сопственост на државата“, рече Андоновски.

Со воведувањето на електронските документи се отвора и прашањето за нивното прифаќање од институциите. Андоновски вели дека сè уште има институции што одбиваат електронски документи иако, според него, имаат законска обврска да ги прифатат.

Најави надзор од надлежниот инспекторат и примена на предвидените казни за правните лица кои нема да го почитуваат законот.

„Оставивме доволно време и простор за приспособување, но сега мора да го почитуваме законот и да бидеме во чекор со светот“, порача министерот.

Апликацијата м.Услуги нема да остане само на личната карта, возачката дозвола и почетниот пакет електронски услуги. Планот е апликацијата континуирано да се надградува и да добива нови функционалности.

Крајната цел, според Андоновски, е до 2028 година таа да прерасне во европски дигитален паричник. Тврди дека со реализацијата на планот Македонија би била меѓу првите петнаесетина европски држави со ваков тип апликација.

Тагови
реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Средновековен град го исклучи уличното осветлување, улиците ги осветлуваат свеќи

Read more

Македонија

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Read more

Променливо и постудено време: Температури до 16°C

Read more

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Read more

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Read more

Вести

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Читај повеќе

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Читај повеќе

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Читај повеќе
  • play_arrow

Два брода погодени од дронови во морето кај Бугарија, еден потона

Читај повеќе

Илон Маск стана најголем донатор на изборите во САД: Од јули дал над 276 милиони долари

Читај повеќе

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо и постудено време: Температури до 16°C

Читај повеќе

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Читај повеќе

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Читај повеќе