Мал авион денеска се урна во водите на Мавровското Езеро.
Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, додека другото поминало без повреди, потврдија од Центарот за управување со кризи.
Станува збор за мал спортски авион во кој биле двајца косовски државјани. Според нивната изјава во полиција, поради проблеми со моторот намерно слетале во езерото, но неуспешно, по што авионот потонал, а тие успешно се извлекле на брегот.
Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а надлежните постапиле на лице место.