Мециновиќ: Доста со соучесништво – Владата да ја признае Палестина!

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, уште еднаш побара од македонската влада да ја признае независноста на Палестина.

„Денес е 7 октомври. Уште пред една година, на денешен ден во Собранието поднесов декларација за признавање на државата Палестина, во име на пратеничката група на Левица“, потсети Амар Мециновиќ на прес-конференција и додаде дека иницијативата сè уште е во фиока.

Во меѓувреме, низа европски држави ја признаа Палестина, но Македонија ја пропушти можноста да се најде меѓу првите слободарски народи, наведуваат од Левица.

Мециновиќ реагираше и на изјавата на министерот за надворешни работи дека земјата не треба да биде „импулсивна и емотивна во носење одлуки“. „Што има импулсивно и емотивно во илјадници деца кои се убиени и во спречување на апартхејдски систем? Македонија мора да испрати порака дека е на страната на слободата.“

Уште еднаш апелираше до Владата да го артикулира ставот на народот, нагласувајќи дека Македонците секогаш биле на страната на ослободителните движења.

„Вазалската влада мора да собере храброст и да ја признае Палестина час поскоро“, порача Мециновиќ.

Во 2024 година Палестина ја признаа Барбадос, Јамајка, Тринидад и Тобаго, Бахами, Ирска, Норвешка, Шпанија, Словенија и Ерменија, а годинава во февруари тоа го направи Мексико, додека во септември ја признаа и Канада, Австралија, Обединетото Кралство, Португалија, Франција, Монако, Луксембург, Малта, Андора и Сан Марино.

реклама

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Северна Кореја го пушти во акција разурнувачот Канг Кон од 5.000 тони

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Македонија

На полноќ се зголемуваат цените на горивата 

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Изгаснат пожарот на македонско-косовската граница, нема повеќе да го загадува Скопје 

Read more

В среда ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Read more

Вести

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Читај повеќе

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимен моментот кога украински дрон удира во станбена зграда во Русија

Читај повеќе

На полноќ се зголемуваат цените на горивата 

Читај повеќе

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Читај повеќе

19-годишна девојка загина во Светиниколско, со возилото излетала од патот

Читај повеќе
  • play_arrow

Изгаснат пожарот на македонско-косовската граница, нема повеќе да го загадува Скопје 

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ФБИ сокриле клучни докази за нападите на 11 септември?

Читај повеќе

Убиен 26-годишен скопјанец, МВР со детали за случајот

Читај повеќе