Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, уште еднаш обвини дека 30 години македонската престолнина се уништува со профитот пред квалитетот на живот.
„Триесет години истите 'градители' ни го раскројуваат градот со метар, бетон и интерес во џеб. Секој ќош стана парцела, секое дрво пречка, секој човек бројка во нивниот профитен план. Профит, во името на профит!“, вели Мециновиќ.
Во неговата предизборна кампања вели дека ќе се залага жителите, а не инвеститорите, да го диктираат Генералниот урбанистички план, кој е еден од главните причини за непланската бетонизација и урбано силување на Скопје.
„Но, оваа генерација нема да гледа уште еден урбан масакр. Време е научната емпирија и визијата да го заменат бетонскиот инстинкт за пари. Време е луѓето, не 'инвеститорите', да го диктираат Генералниот урбанистички план. Скопје ќе биде град за живеење – не за препродавање. Парк, не парцела. Воздух, не ПМ честички. Плоштади и шеталишта за луѓе, не штанцање згради и монструитети за профит.“