МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Во раните утрински часови денеска, делови од земјава се соочија со краткотраен прекин во напојувањето со електрична енергија, откако дојде до дефект на преносната мрежа од 110 киловолти.

Од АД МЕПСО информираат дека прекинот бил резултат на високите напони во регионалната 400 kV мрежа, што предизвикало испад на енергетските трансформатори во неколку трансформаторски станици.

„Станува збор за регионален и европски проблем со кој се соочуваат повеќето преносни систем оператори. Причината е нискиот транзит и нискиот конзум на струја во текот на ноќта и за време на викендите, особено во овој период од годината“, соопштуваат од МЕПСО.

Според официјалните информации, екипите на МЕПСО веднаш реагирале на терен и за нешто повеќе од еден час успеале целосно да го нормализираат снабдувањето со струја низ целата држава.

„Напојувањето е стабилизирано, а нашите екипи продолжуваат со работа на одржување на стабилноста во енергетскиот систем“, велат од компанијата.

Од МЕПСО потенцираат дека преку реализација на нови инвестиции и интензивна соработка со соседните оператори, се вложуваат напори за да се зголеми сигурноста на мрежата, која во минатото, како што велат, била запоставена и неадекватно одржувана.

Компанијата уверува дека останува во постојана координација со регионалните партнери со цел да се обезбеди сигурно и непречено снабдување со електрична енергија.

Во петокот министрите Стефан Андоновски и Сања Божиновска најавија дека до крајот на мај се очекува Предлог-законот за сајбер безбедност да ја помине владината процедура, а на почетокот на јуни да влезе во собраниска расправа.

Министерот за дигитална трансформација, Андоновски, нагласи дека законот нема политичка димензија, туку има цел да го зајакне целокупното општество, особено во услови на зголемени сајбер напади врз критичната инфраструктура, како системите за пренос и производство на струја. Тој додаде дека македонскиот електропреносен систем е безбеден, но дека безбедноста мора постојано да се унапредува.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, потсети дека МЕПСО лани беше мета на сериозен сајбер напад и подвлече дека заштитата на енергетската мрежа е прашање од национален интерес. Таа најави дека сè уште се размислува дали заштитата ќе ја спроведуваат државни институции или приватни компании, но дека приоритет ќе биде најдоброто решение за граѓаните.

Пред две недели министерката Сања Божиновска најави дека нема да има исклучувања на фотоволтаиците во летниот период, а денес повтори дека со 90% сигурност нема да се случи блекаут како оној што ги парализира Шпанија и Португалија минатата недела.

„Сите мерки се преземаат навремено, системот е под контрола. Исклучувања на фотоволтаици се правеа само кратко за Велигден, и тоа со претходна координација“, рече Божиновска по потпишувањето на договорот за гасовод со Грција.

Министерката уверува дека во лето, кога потрошувачката ќе порасне поради вклучување на клима-уредите, мрежата ќе остане стабилна.

Тагови
реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

Голем пробив во преговорите: Се наѕира историски договор меѓу Иран и САД

Read more

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Read more

Македонија

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Read more

Повратен билет за воз Прилеп-Битола од јуни ќе чини 150 денари

Read more

Јаневска: Новиот закон нуди многу повеќе можности за професорите, научниците, истражувачите и студентите

Read more

Холандија донира специјализирани возила за МВР за превоз на мигранти и затвореници

Read more
 

Вести

САД ги вратија санкциите на руската нафта

Читај повеќе

Русија објави мапа на локации во Европа: Ова се мети. Спијте мирно, партнери

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најсмртоносните руски напади врз Украина: Најмалку 17 мртви

Читај повеќе

Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Американски пилоти лаеле и мјаукале на фреквенцијата на контролата на летање

Читај повеќе

Прилепчанец во три дена ограбил малолетник, жена и аптека

Читај повеќе

Мајка на ученик физички нападна учителка на родителска средба во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Читај повеќе

Повратен билет за воз Прилеп-Битола од јуни ќе чини 150 денари

Читај повеќе