Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното

Ставот наш околу минималната плата е многу јасен и не се темели на никакви импровизации. Ние моравме како Влада, а на предлог на министерството за економија и труд да донесеме минимална вредност на минималната плата, по закон. И врз основа на тој закон луѓето од министерствата ја пресметаа и таа се усвои таква кава што е. Значи моменталната состојба на минималната плата е согласно закон кој што го договорил истиот овој Синдикат кога бил репрезентативен, вели премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање.

Мицкоски потенцираше дека тие како Влада мора да го почитуваат законот.

„Ние мораме како Влада да почитуваме закон и сме го почитувале тој закон и сега дали на некој тоа му се допаѓа во вредност или не му се допаѓа, тоа е друго. Лично јас сметам дека треба да биде и 1000 евра минималната плата, и тоа можеби е малку. Лично сметам дека на тој начин приходите на Буџетот ќе бидат поголеми, но дали тоа бизнисот ќе може да го издржи е прашање кое што треба да го одговорат работодавачите.“, изјави тој и додаде:

„До сега надвор од закон се утврдувала вредноста на минималната плата во рамки на Економско социјалниот совет и дијалогот кој што таму го води Владата, работникот и работодавачот. Сега претставници од страна на работниците немаше, бидејќи репрезентативноста на Синдикатот истече. Во меѓувреме министерствата за правда, економија и труд и социјална политика, демографија и млади номинираа свои претставници во комисијата која што треба да определи репрезентативност на синдикатите, таа комисија е комплетна.

За време на состанокот кој што го имавме со синдикатите сите се сложија со еден предлог, а тоа е нивото од 10 проценти кое се утврдува за да се пресмета репрезентативноста од членовите на синдикалната организација да се пушти 5 проценти.

Ние не сме против, ние сме за, и веќе дадов налог да се изготват законски измени со кој што ќе биде на 5 проценти и на тој начин ќе бидат опфатени поголем бројот од синдикатите и ќе бидат дел од Економско социјалниот совет“.

Мицкоски посочи дека откако ќе се формира тој економски социјален совет подготвен е веднаш да се свика седница и доколку работодавачите и работниците се усогласат за минималната плата, тој е подготвен да се интервенира во законот.

„Откако ќе се формира овој Економско социјален совет ние сме подготвени веднаш да организираме седница и на таа седница да се дискутира за утврдување на минималната плата надвор од законскиот оној кој што е донесен, и подготвени сме веднаш да интервенираме во законот доколку работниците и работодавачите се усогласат, дали тоа ќе биде 25.000, 27.000, 30.000 денари, како ќе се договорат, ние така ќе прифатиме“, дециден е Мицкоски.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Нова студија нуди ефикасен метод за слабеење без гладување

Read more

Македонија

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Read more

Без вода денеска дел од Карпош

Read more

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Read more

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Read more
 

Вести

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Читај повеќе

Повеќе од 40 мртви во ноќните напади врз Газа

Читај повеќе

Анализа: Зеленски сака да го разоткрие Путин - ја игра неговата игра, но дали ќе успее

Читај повеќе

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Читај повеќе

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавата дека Путин нема да присуствува

Читај повеќе

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Читај повеќе

Без вода денеска дел од Карпош

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе