Мицкоски: Блокадите од ССМ имаат политичка заднина

Премиерот, Христијан Мицкоски, вели дека денешниот протест на ССМ има политичка заднина и дека со договорот кој го направиле со синдикатите, Владата ги исполнила своите обврски.

„Па овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, дека во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 до април 2028, околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе добијат околу 40% повисока плата од таа што денеска ја добиваат. И со ова Владата како најголем работодавач го заокружува својот договор со своите колеги. Практично на ова му претходеа здравствените работници, па образовните работници, па другите институции и конечно сега со САДУ и со УПОЗ, на тоа ги додадовме и вработените во службите на судовите и обвинителствата, околу единаесет илјади наши колеги. Сето ова кога ќе се заокружи, ние можеме да кажеме дека до крајот на мандатот на оваа Влада сме ги регулирале нашите обврски и односи со нашите колеги“, рече Мицкоски.

На прашањето дали ќе се донесе едно конечно решение околу минималната плата, бидејќи денеска има блокади пред Собранието, а има и најави за блокирање на Стопанските комори и на Владата, премиерот Мицкоски рече:

„Не, тоа ќе продолжи. Затоа што ова има политичка позадина. Еден од денешните протестанти со мене држеше прес-конференција, видно во егзалтична состојба задоволен од тоа што го постигнал. Но, денеска го гледате блокира со тој другиот којшто се повикува на работнички права, злоупотребува службени возила за приватни цели и уште многу работи допрва, како што имам чувство, ќе бидат сведоци работниците кој ги води, кој ги манипулира во овие политички инструирани процеси. И тоа во периодот што следи, ќе го има, нема да престане, јас сум свесен. Но, она коешто за мене е важно како претседател на Владата е дека аргументот Владата е најголем работодавач, треба да си ги регулира обврските, ние си ги завршивме нашите обврски.

Во бипартитниот дијалог меѓу коморите, односно работодавачите и работниците, ние сме фасилитатор. И рековме ќе го поддржиме секое решение коешто практично тие ќе го договорат. Но, политички инструирани, самонаречени водачи, ние не можеме да поддржуваме. Не сакаме да поддржуваме, да влегуваме во таков тип на процеси. Повторно ќе кажам, еден од оние коишто денеска протестираше, пред два дена со мене држеше прес-конференција во една егзалтична состојба, кажуваше дека ова е историски договор и дека ова никогаш не се случило до сега и така натаму. Но, граѓаните сами нека судат и нека ценат.“

реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Македонија

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Read more

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Read more

Македонска пошта доби 100 нови возила

Read more

Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Read more
 

Вести

Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син

Читај повеќе

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Читај повеќе

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе

Левица со поддршка за протестот на културните работници

Читај повеќе
  • filter

Македонска пошта доби 100 нови возила

Читај повеќе