ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Мицкоски до Филипче: На митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Центар, во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври, која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина! се осврна на политичките противници и истакна дека народот ќе ги порази на овие избори а на митинзите на СДС дури и нивните пратеници не им доаѓаат, Венко Филипче и Заев се сами.

„Вчера нашите противници беа тука, освен тоа што кажаа дека ќе не направеле салата, на изборите, друго не понудија. Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата. А вистината е дека ниту среќа ќе донесат, ниту салата ќе не направат. И знам дека зад тоа простодушно храбрење на сопствените митинзи, се крие огромен страв од поразот кој го чека, но еве да му соопштам на Венко дека народот салата нив ќе ги направи на овие локални избори. И разбирате дека СДС е партија на проблеми, го оставиле Венко сам да ја трга маката која сам си ја прифати и создаде, и товарот кој сам си го впрегна на грбот. Впрочем, тој, а да не кажам и Заев и неговиот струмички гуру, ја управуваат СДСМ, но е јасно дека Венко покрај помошта на неговиот гуру, ако воопшто може да се нарече некаква помош, од друго нема. На неговите митинзи со лупа не можете да најдете некој пратеник од неговата пратеничка група во Собранието, не можете да најдете ниту некој друг висок функционер, затоа што бродот кој тоне сите го напуштаат, а СДСМ со овие луѓе на чело одамна е во стечај. А таму се затоа што не извлекоа поука од ниту една работа што ѝ ја направија на Македонија. Нереформирани и во целосна безидејност. Никаква промена не направија“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека СДС се нереформирани и се истите тие луѓе кои виткаа кичма и потпишаа капитулација со Бугарија.

„Тие се истите луѓе кои виткаа кичма на секое прашање важно за државата, истите луѓе што потпишаа капитулација каде и да стигнат за пуста власт. И не за џабе токму Венко и неговиот гуру се македонските политичари со највисок рејтинг во Бугарија, затоа што реченицата што еден бугарски политичар ми ја кажа во четири очи, „ас сам платил“, е реченицата што ја објаснува секоја попустливост на Венко и СДСМ во однос на ова прашање. И затоа денеска матат некакви црвени линии кои се убаво запакуван поклон за Бугарија, и затоа не одговараат на просто и едноставно прашање, ако капитулацијата пред нашиот источен сосед бил најдобриот предлог што го штити идентитетот, како што тие тврдеа, тогаш зошто се црвени линии?

Јасно е дека црвените линии им требаат за нови отстапки и ново предавство, тие и сите треба да знаат, нема никогаш да дозволам да се случи била каква отстапка додека јас ја имам одговорноста да ја водам Владата а притоа македонскиот народ и Македонија да не добијат реципроцитет“ заклучи Мицкоски.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Македонија

Над 19.000 евра казни пред Велигден: Уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони јајца

Read more

Исмаил: Ако државата има „обезбедено“ пари за лекување, зошто граѓаните молат за донации?

Read more

Дел од Центар денеска без вода, делови од Кисела Вода без струја

Read more

Променливо време со температури до 23°C

Read more
 

Вести

Над 19.000 евра казни пред Велигден: Уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони јајца

Читај повеќе

Исмаил: Ако државата има „обезбедено“ пари за лекување, зошто граѓаните молат за донации?

Читај повеќе

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Уапсен водач на „балканскиот нарко картел“

Читај повеќе

Лавров: ЕУ сака Србија да биде тампон-зона против Русија

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, делови од Кисела Вода без струја

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C

Читај повеќе

По 7 месеци пауза Вардариште повторно гори, велат од Стоп за Вардариште

Читај повеќе

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Читај повеќе