Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18-ти Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, имаше свое обраќање и се осврна на темата за државноста. Тој истакна дека наследството за јазик, државност и културната самобитност создаваат три обврски за денешната генерација, а самото историско наследство е најсилен мотив државата да биде поефикасна и поорганизирана.

,,Историското наследство на македонската државност не е сентимент или украс. Тоа е обврска. Од Илинденската идеја, преку АСНОМ, до независноста во 1991 година, секоја генерација ја има истата должност: да ја штити државата институционално, безбедносно, економски и културно. Историјата не е товар, туку темел врз кој се гради современата национална самодоверба“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека трите обврски на денешната генерација се континуитет, модернизирање и достоинството на македонската државност и идентитет.

,,Наследството на борбата за слобода, јазик, државност и културна самобитност создава три обврски за денешната генерација: прво, да се зачува континуитетот и достоинството на државноста и идентитетот, да се модернизира државата така што ќе биде отпорна на надворешни притисоци и внатрешни слабости, и трето, да се спречи злоупотребата на историјата за дневнополитички цели“, кажа Мицкоски и додаде:

,,Во XXI век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде поефикасна, поорганизирана и повредносно кохерентна. Жртвите и идеалите на претходните генерации ја прават сегашната неефикасност, институционална слабост или корупција уште понедозволиви.“

реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Македонија

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Read more

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Read more

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Read more

Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба

Read more
 

Вести

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Читај повеќе

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Читај повеќе

Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец

Читај повеќе

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе
  • play_arrow

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Читај повеќе

Сведоштво од Иран: Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите

Читај повеќе

Нови израелски напади врз Газа: Убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Читај повеќе

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Читај повеќе

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Читај повеќе