Мицкоски: Ќе направиме сѐ што зависи од нас, а Брисел нека суди дали заслужуваме да бидеме дел од ЕУ

Сѐ ќе направиме што зависи од нас поврзано со реформите, а Брисел и Европската комисија нека судат дали заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака во реформите, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Реформската агенда.

„Денеска имавме утрински состанок со луѓето од Брисел, од одделот за проширување. Разговаравме сега за оние реформи коишто се дел од Реформската агенда во грејс-периодот зад декември и оние коишто се во нормален колосек до декември, коишто истекуваат 2026 година. Ние сме единствената земја од регионот, за волја на вистината, којашто работи за реформите до декември. Барем така тие го кажаа, ние остануваме посветени на таа испорака“, рече Мицкоски.

Додаде дека оваа Влада нема да потпишува капитулации и бели листови хартија како што правела претходната влада.

„Со други зборови, сѐ ќе направиме кое што зависи од нас. Точно, ние нема да потпишуваме капитулации и бели листови хартија како што тоа го правеше претходната Влада, а ништо да не испорача дома. Значи ние сѐ ќе направиме кое што е поврзано со реформите, со нашата домашна задача и потоа оставаме на луѓето од Брисел, на Европската комисија да суди дали ние реално заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака. Бидејќи секогаш мене ми велат и таму кога одам на состаноци, тоа го слушам дека ова е процес којшто се темели на заслуга. Односно, колку испорачуваш, толку добиваш. Еве ние ќе се обидеме да го заслужиме тоа преку испораката во реформите, понатаму ќе оставиме на нив“, рече Мицкоски.

реклама

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Read more

Македонија

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Read more

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Read more

Земјотрес во Пехчево и Берово

Read more

СДСМ бара ОЈО да отвори истрага за потрошените 5,5 милиони евра за прославата на Денот на независноста

Read more

Вести

Фон дер Лајен до Западен Балкан: Во ЕУ само по заслуга, за нашите вредности нема да преговараме

Читај повеќе

Нови фотографии откриваат колку се уништени американските бази по иранските напади

Читај повеќе
  • filter

Белорусија вежба одбрана од дронови на границите со Полска и Литванија

Читај повеќе

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Читај повеќе

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Читај повеќе

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Читај повеќе

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе