Мицкоски му даде две опции за избор на Таравари, да остане во Влада или да оди со ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип потврди дека попладнево ќе се сретне со лидерот на едно крило од Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство Арбен Таравари. На средбата премиерот очекува Таравари да каже дали ќе остане во Владата или ќе оди со ДУИ, оти според него, трета опција нема.

„По мене, има две опции за избор. Едната опција е оваа која што ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните и втората опција е онаа опција која што години наназад, би рекол повеќе од две децении, ја криминализираше државата, ги уништуваше институциите и практично ја клекна државата и граѓаните. Тоа е изборот, нема трета опција. Би сакал да слушнам од господинот Таравари која опција е за него, бидејќи јас не гледам трета опција. Што се однесува до моите лични односи со господинот Таравари, ние во политиката комуницираме долго време. Како за човек имам позитивно мислење за господинот Таравари, но во политиката образот е нешто што го имаш или го немаш, тука нема флуидни варијанти. Или имаш или немаш, или држиш до зборот или не држиш до зборот“, рече премиерот Мицкоски.

Неколкупати досега Мицкоски рече дека лично покажал дека држи до зборот што го дава оти го поддржал Таравари дури и во моменти кога во партиското раководство имало дилема.

„Заткулисни игри се провидни игри, лесно се идентификуваат и препознаваат и најчесто ваквите заткулисни игри им се удираат од глава на оние кои ги прават. Никого во животот не сум го молел, ниту пак имам намера некого да молам. Со или без господинот Таравари, Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство. Останува на него и на неговите сопартијци да одлучат дали ќе одиме заедно по патот на реформи, владеење на право, борба за праведно општество, институции кои ќе функционираат или ќе се придружат и ќе коалицираат со оние политички сили кои со години, би рекол неколку децении ја криминализираа и ја уништија државата. Изборот е нивен“, рече премиерот Мицкоски.

Средбата ќе биде денес во 17 часот во Владата. Откога не прифати и неговата партија да остане во ВЛЕН која прерасна во еден политички субјект, коалиционите партнери кои го донесоа на власт Таравари почнаа да го обвинуваат дека преговара со ДУИ за претстојните локални избори. Таравари, пак, кажа дека на изборите оди со сопствени листи за советници, а најверојатно ќе оди и со сопствени кандидати за градоначалници.

реклама

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Read more

Македонија

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Read more

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Read more

Земјотрес во Пехчево и Берово

Read more

СДСМ бара ОЈО да отвори истрага за потрошените 5,5 милиони евра за прославата на Денот на независноста

Read more

Вести

Нови фотографии откриваат колку се уништени американските бази по иранските напади

Читај повеќе
  • filter

Белорусија вежба одбрана од дронови на границите со Полска и Литванија

Читај повеќе

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Читај повеќе

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Читај повеќе

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Читај повеќе

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе

Нападнат танкер за нафта во Ормускиот Проток: Двајца морнари се водат како исчезнати, 23 се спасени

Читај повеќе