Мицкоски не гледа причина за оставка на Тошковски

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип, одговарајќи на новинарски прашања, го бранеше министерот Панче Тошковски од кого опозицијата побара оставка по трагедијата во Карпош во која загинаа мајка и шестгодишно дете, жртви на семејно насилство. Објасни дена министерот јавно и детално објаснил што се случувало.

„Јас не би ја коментирал опозицијата бидејќи тие бараат оставка секој ден, од секого, без разлика на тоа какви се нивните аргументи. Институциите постапуваат, а министерот Тошковски на прес-конференција направи јасна гантограмска ретроспектива на тоа што се случувало и како се случувало“, рече премиерот Мицкоски.

Повторно ја нарече опозицијата безидејна и мекотелна  и повика граѓаните да бидат внимателни со информациите што доаѓаат од опозицијата.

„Јас мислам дека СДСМ е најголемата опасност врз македонскиот идентитет и македонската држава и ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите оние лажни конструкции и соопштенија кои што доаѓаат од Бихаќка бидејќи тие имаат само една цел, а тоа е да го разнебитат македонското ткиво и да зададат удар врз македонскиот идентитет“, рече премиерот Мицкоски.

И денес премиерот потсети дека опозицијата е предводена од луѓе кои во минатото беа испреплетени во многу криминални скандали, неморални скандали и скандали поврзани со конзумирање на наркотички средства.

„На таков тип на луѓе мислам дека е потребно да им се провери и медицински деловната способност, дали се подготвени да ја вршат работата која ја вршат“, рече премиерот Мицкоски по барањето на опозицијата министерот Тошковски да си поднесе оставка по трагедијата во скопски Карпош.

Премиерот ги повика жртвите на таков тип насилство да пријават, но и да останат на пријавите, да не ги повлекуваат за да можат институциите да постапуваат.

реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Утрински навики што влијаат на здравјето на вашето срце

Read more

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Read more

Суптилен знак на замастен црн дроб кај жените над 50 години 

Read more

Македонија

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Read more

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Read more

СДСМ: Странска разузнавачка компанија ангажирана за следење на опозицијата

Read more
 

Вести

Две деца повредени во судир на мотоцикли

Читај повеќе
  • filter

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Читај повеќе

Голем пресврт во Словенија: Нова шанса за Јанез Јанша да формира влада

Читај повеќе

Трамп одржа итен кризен состанок во Белата куќа за Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Читај повеќе

Камала Харис: Биби Нетанјаху го вовлече Трамп во војна

Читај повеќе

Фицо: Литванија и Латвија ми забранија да летам над нивна територија до Москва

Читај повеќе

„Водовод“ со акција за отплата на долговите на рати од 20 април до 5 јуни

Читај повеќе

И денеска сончево време, од утре дожд и пад на температурите

Читај повеќе