Мицкоски: Не купуваме нов владин авион и ќе се молиме да останеме живи

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок за одржување. Премиерот Христијан Мицкоски денес кажа дека ќе се повлечат од набавката откога увиделе дека опозицијата не стои на зборот дека нема да ја напаѓа Владата за набавка на нов авион, на што се согласил лидерот Венко Филипче и на формалните и на неформалните средби.

„Авионот е сѐ  уште во возна состојба, можете да поразговарате и со лицата кои го управуваат. Токму тие иницираа да се обидеме да обезбедиме средства за да набавиме нов воздухоплов. Гледам дека од опозицијата се создава оваа тема иако на една од оние лидерски средби, формални и неформални што сум ги имал со претседателот на СДСМ тој беше многу јасен и рече дека ‘за ова не треба да се критикува Владата’ и дека тие нема да ја критикуваат Владата бидејќи утре ќе биде друга Влада, а воздухопловот ќе се користи и за хуманитарни причини. Гледам дека не си стојат на зборот и ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и доколку починеме тогаш претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и за некои идни премиери е вишок и дека е беспредметна“, рече премиерот Мицкоски.

Тој објасни дена не трипати, туку четирипати го користел владиниот авион и секогаш службено патувал наспроти обвинувањата од опозицијата дека и на одмор на Јадранско Море заминал со него. Кажа и дека секогаш патува сам, со некој од обезбедувањето откога утрово СДСМ праша со кого бил во авионот.

„Еднаш на покана на унгарскиот премиер, господинит Виктор Орбан, имав билатерална средба во Будимпешта. Натаму патував со комерцијален лет до Виена поради тоа што еден од екипажот кој управува со воздухоловот имаше приватни обврски и не беше во состојба да ме однесе до дестинацијата. За назад дојдоа по мене, ме зедоа бидејќи имав итни, неодложни состаноци во Скопје. Тоа беше билатерална средба, а билатералната средба и мојот престој таму го искористив и да настапам на настан. Вториот пат бев исто така на покана на нашата сестринска партија и настан кој тие го организираа во Белград, тогаш отидов и се вратив, тоа не е споменато во јавноста, сакам и ова да се забележи. Патувам сам и дел од луѓето кои се мое обезбедување. Третиотпат бев до Хрватска со комерцијален лет на Кроација ерлајнс до Сплит, на покана на хрватскиот претседател, господинот Зоран Милановиќ. Имав работна вечера и мојот годишен одмор кој што требаше да трае три дена го продолжив за еден ден, да трае четири дена. Бидејќи го испуштив авионот повратно со комерцијален лет да се вратам во Скопје, а следниот ден имав неодложни обврски, владиниот воздухоплов дојде, ме зема од аеродромот во Сплит и ме донесе во Скопје. Четвртиот пат бев сега, заедно со шефот на мојот кабинет и со мојот советник за надворешни рбаоти, амбасадорот Марковски до Тирана во еден правец и од Тирана до Скопје во втор правец и еве веднаш сега ви најавувам дека на почеток на јуни најверојатно ќе го користам владиниот воздухоплов до Подгорица, во истиот ден да се вратам назад бидејќи не би сакал да останам повеќе од еден ден поради неодложните обврски кои ги имам во Владата“, во детали објасни  премиерот Мицкоски.

Изминатиов период опозицијата во многу наврати ѝ забележа на Владата дека троши пари за авион место  за зголемување на платите, за училишта и болници.

Владата во 2005 година, по авионската несреќа во која загина поранешниот претседател Борис Трајковски, го купи авионот „лирџет 60“ за околу 11 милиони евра. За потребата од нов авион Службата за општи и заеднички работи во Владата зборува речиси една деценија, а како галвен аргумент за тоа ги наведува честите и скапи дефекти. 

реклама

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Македонија

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Read more

Без вода денеска дел од Центар

Read more

Делови од Карпош и Ѓорче Петров денеска без струја

Read more

Сончево и релативно топло, максималната температура до 21°C

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Читај повеќе

Португалски полицајци осомничени за мачење и силување, деветмина во притвор

Читај повеќе

166 милиони денари повеќе во буџетот на Скопје: Кружен тек кај Народна банка, две катни гаражи во Клинички

Читај повеќе
  • play_arrow

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Читај повеќе

Вучиќ и Рама со предлог за ЕУ: Србија и Албанија во Шенген, но без вето

Читај повеќе

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Читај повеќе

Американците признаваат дека не знаат како да го „отворат“ Ормутскиот Теснец

Читај повеќе
  • play_arrow

Орбан се снимаше како му плаче на семејството: Украинците ви се закануваат

Читај повеќе