Мицкоски: Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, тоа е недозволиво

Контролите на Државниот пазарен инспекторат покажале дека некои маркети ја зголемиле маржата од 10% на 12–15% овој јуни во споредба со јуни минатата година. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе ги повика на состанок за да ги преупреди дека тоа нема да се толерира.

„Во одредени маркети нотирано е зголемување на бруто маржата споредена со минатата година од 2 до 5%. Тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво. Да бидам конкретен со пример: ако минатата година во месец јуни бруто маржата била 10%, сега е 12 или 15%. Тоа се тие дополнителни 2 до 5%. Тоа ние нема да го толерираме и многу јасна порака ќе испратиме кон тие. Кога би се намалиле тие 2 до 5%, тогаш практично ние би биле земја со најниска инфлација во Европа во овој момент, иако очекувам стабилизирање на инфлацијата  во јуни месец, многу помала вредност во споредба со мај и со април. Но, ајде да почекаме, за една недела треба да се објават тие параметри, врз основа на бројките коишто ги добивам од Државниот пазарен инспекторат“, рече денес премиерот Мицкоски по промоцијата на нова воена опрема во касарната „Илинден“.

Во исто време потсети дека се работи на дефинирање на група од 600-700 основни прехранбени производи каде што во тек е обемна анализа. За резултатите премиерот Мицкоски рече дека ќе им треба повеќе време оти се проверуваат влезни, излезни фактури, маржа којашто ја имаат дистрибутерите и производителите споредена со маржата којашто ја имаат ланците маркети. Оваа анализа премиерот Мицкоски рече дека ја води лично тој, а целта е да се утврди каде може да се интервенира за да се намалат цените на производите.

реклама

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Read more

Македонија

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Read more

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Read more

Земјотрес во Пехчево и Берово

Read more

СДСМ бара ОЈО да отвори истрага за потрошените 5,5 милиони евра за прославата на Денот на независноста

Read more

Вести

Фон дер Лајен до Западен Балкан: Во ЕУ само по заслуга, за нашите вредности нема да преговараме

Читај повеќе

Нови фотографии откриваат колку се уништени американските бази по иранските напади

Читај повеќе
  • filter

Белорусија вежба одбрана од дронови на границите со Полска и Литванија

Читај повеќе

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Читај повеќе

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Читај повеќе

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Читај повеќе

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе