Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните измени истакна дека додека тој е претседател на Владата истите нема да се случат ако Македонците во Бугарија не ги добијат загарантираните права согласно меѓународното право и меѓународните конвенции и додека не се добијат гаранции дека во иднина државата нема да се соочува со опструкции и блокади од субјективни причини.

„Не знам по колку пати треба да кажам и не знам по колку пати треба да повторам кој е ставот на Владата, но еве ако инсистирате и ако го поставувате тоа прашање ќе се обидам на поинаков начин да ви одговорам овој пат, споредено со сите оние одговори коишто се случувале во минатото. Уставни измени нема да има додека сум јас претседател на Владата, ако не бидат исполнети минимум два услова. Првиот услов е македонската заедница во Бугарија да ги добие загарантираните права согласно меѓународното право и меѓународните конвенции и резолуции за човекови права. Не барам Устав да се менува, ова. И второ, додека не добиеме гаранции за нашиот идентитет македонски за којшто од вас очекувам поддршка како мој сограѓанин, мојот македонски јазик, дека повеќе нема да има билатерални вета и дека нема никој повеќе оваа држава којашто многу пати покажала и докажала дека сака да биде дел од европското семејство понела жртва како ниту една држава и овој народ, овие граѓани како ниту едни граѓани од Европа поднеле жртва, дека нема повторно да има нови омаловажувања, нови понижувања и нови опструкции од било кој од субјективни причини“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Ако ние не сме добри да речеме во кластерот на владеење на правото, па нешто не сме испорачале итн., тоа е друга причина. Не сме вратиле некој бегалец од правда или па некој политички заштитен лик којшто порано правел криминал не сме го ставиле во затвор, па за тоа да добиеме критика и блокада, во ред, за тоа нема никаков проблем, или па не сме квалитетни во нешто друго. Но, дека нема повеќе да има билатерални прашања којшто ќе го ограничуваат нашиот напредок кон Европа.“

Тој уште еднаш повтори дека додека е премиер нема да се случат уставните измени без да се исполнат двата услова и ги повика и пратениците кои во иднина би дошле да не се согласуваат со ставот на пратеникот кој го постави прашањето за уставни измени без гаранции.

„Додека сум јас премиер. Кога нема јас да бидам премиер, можеби вие сѐ уште ќе бидете пратеник, ќе има некој друг, ќе го прашате и ќе ви даде одговор. За уставни измени треба 80, односно 79 ваши колеги да се сложат. Јас силно ги советувам останатите 119 во оваа сала да не го поддржат вашиот став за уставни измени без да можеме да ги добиеме минимум овие две гаранции“, истакна Мицкоски.

Исто така додаде дека на Македонците во Бугарија им се одземени сите права, а сега бараат само здружение кое би се борело за правата на македонската заедница во Бугарија.

„Ќе повторам, сѐ додека македонската заедница во Бугарија, мислам дека треба да го поддржите тој став, треба да го поддржите ставот за Македонците од Разлог, од Горна Џумаја, од Сандански, од Пирин, треба да го поддржите затоа што во пописот во 1956 година тие биле 200 илјади и биле мнозинство во Пиринскиот крај на Македонија. Биле две третини од вкупното население, а магично на пописот во 1965 година бројката станува 9 илјади. Од 200 илјади на 9 илјади и тоа еден поранешен бугарски претседател го кажува како инженеринг на којшто е посебно горд. Им се одземаат правата на своја културна автономија, да општат на својот мајчин македонски јазик, да говорат на својот мајчин македонски јазик, да танцуваат на своите македонски песни, да ги почитуваат своите македонски обичаи. Е тие бараат сега само да имаат можност ОМО Илинден Пирин да биде организација која што ќе ги застапува правата на македонската заедница во Бугарија. Многу ли е тоа?“, запраша Мицкоски.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Македонија

СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата

Read more

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

Read more

Муцунски: Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за државата – највисок износ во регионот

Read more

Мицкоски не откри дали Фетаи доаѓа на работа: Следната недела ќе се сретнеме и многу работи ќе бидат појасни

Read more
 

Вести

Ангела Меркел и Марио Драги се можни преговарачи на ЕУ со Путин

Читај повеќе

Nestlé и Danone под истрага: Дали предоцна била повлечена контаминираната храна за бебиња?

Читај повеќе

Фон дер Лајен предупреди: ЕУ нема друг избор

Читај повеќе

Иран се заканува со ширење на војната надвор од Блискиот Исток ако САД повторно нападнат

Читај повеќе

СДСМ: Мицкоски не го сака Груевски назад за да не му ја преземе партијата

Читај повеќе

Пријава за малтретирање против скопски полицајци од интервентна

Читај повеќе

Нападнат средношколец во Аеродром, подолго време го вознемирувале во училиште

Читај повеќе

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

Читај повеќе

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Читај повеќе