Мицкоски очекува цените на горивата уште да паѓаат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Регулаторна комисија за намалување на цените на дериватите, и што после 20 април дали ќе продолжи со мерката за намалено ДДВ и дали има задоволство во однос на намалените цени, изјави:

„Поврзано со вториот дел, тука нема простор дали сме задоволни или не сме задоволни, тоа е закон и тоа е формула. И ние таа формула ја пресметуваме кога затвараат берзите, отприлика како индикатор знаеме што можеме да очекуваме на почетокот од следната недела. Во случајот во понеделник, кога најчесто се седниците на Регулаторната комисија за енергетика, така ќе биде и оваа недела.

Ние ова го најавивме, се сеќавате во саботата, на прес-конференција во Владата, дека безоловните горива 95 и 98 октани ќе се намалат за 1,5 денари по литар, а дизелот за 2,5 денари. И тука не се пресметани оние попусти коишто ги дава ОКТА, 2 денари за безоловните горива и 3 денари по литар за дизел горивото.

Очекувам дека, од она што го следам на берзите, дека најмалку ќе останат тие цени, а можно е дополнително намалување во следната недела. Барем утрово ги следам, тие се движат на ниво коешто е околу 90-91 долар за барел и американскиот продукт ВТИ и Брент продуктот. Ги следам во минута и очекувам дури и да имаме повторно намалување следниот, овој понеделник.

Што се однесува до кризната состојба, на вчерашната владина седница се донесе одлука, таа да се продолжи уште одреден период. Ќе имаме дополнителна седница на којашто ќе донесеме мерка за сеуште да го држиме нивото на данокот на додадена вредност на 10%, наместо на 18%. Во зависност од цените на берзите, така ќе бидат и акцизите, нели има таму согласно закон колкави треба да бидат тие попусти. Така што тоа е отприлика моменталната ситуација.“

Во однос на тоа дали ќе продолжи цената од 70 денари на ОКТА, премиерот Мицкоски рече:

„Да, до крај на април. И преговараме за дизел горивото, бидејќи тоа е отприлика 75% од вкупното потрошувачко портфолио, да биде барем уште некој дополнителен попуст.

Ќе видиме, мислам дека се туркаме на рака за да извадиме уште еден денар по литар.“

реклама

Мохамед бин Салман ја одби понудата на Нетанјаху Израел да се бори против Хутите во Јемен

Read more

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Read more

Германија, Италија и Белгија бараат право да ги блокираат регулативите на ЕУ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Македонија

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколoшките жешки точки од Законот за животна средина

Read more

Утре променливо облачно и постудено

Read more

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Read more

Базенот во Карпош IV предаден на користење на Пливачката федерација

Read more

Вести

Таксират #28: Нов дом, 2 бини, 11 имиња од 7 држави!

Читај повеќе

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Читај повеќе

Полицијата распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколoшките жешки точки од Законот за животна средина

Читај повеќе

Утре променливо облачно и постудено

Читај повеќе

Маск го поддржа Трамп во критиките кон Зеленски: Отиде предалеку

Читај повеќе

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Читај повеќе

Кривична пријава за полициски раководител оти не казнил возач со истечена сообраќајна дозвола

Читај повеќе

Базенот во Карпош IV предаден на користење на Пливачката федерација

Читај повеќе