Мицкоски пред Фон дер Лајен: Бараме процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила

Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

 

Мицкоски кажа дека денешната средба со фон дер Лајен била отворена, содржајна и насочена кон прашањата кои директно ја определуваат нашата европска иднина.

„Разговаравме за реформите, за динамиката на пристапниот процес, но и за предизвиците кои со години го оптоваруваат нашиот пат кон Европската Унија. Нашата определба како држава е јасна и останува непроменета. Сакаме да бидеме дел од Европската Унија и посветено работиме на таа цел. Истовремено, веруваме и дека дојде време овој процес да добие посилна политичка поддршка од европските институции. Нашата европска определба никогаш не била и нема да биде спорна. Она што денес го бараме е процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила“, рече Мицкоски.

Премиерот кажа дека државата ги завршува обврските и спроведува реформи што се очекуваат од една земја, понекогаш навреме, понекогаш и малку со доцнење, но сепак ги завршува.

Мицкоски со Фон дер Лајен разговарал и за односите со Бугарија.

„Денес отворено разговаравме и за предизвиците што ги имаме во односите со нашиот источен сосед. Нашата желба е тие прашања да се надминуваат низ дијалог, во добра волја и со заемно почитување. Исто така, на денешната средба напоменав дека очекуваме да биде вклучена и ЕУ во овој процес и не бараме од Унијата да заземе страна, бараме да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите, а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања“, рече Мицкоски.

Секое решение, додаде тој, мора да создава сигурност дека со неговото исполнување се затвора една фаза и се отвора патот кон следната, без простор за нови толкувања и дополнителни барања.

„Ако од нас се очекуваат одлуки со долгорочни последици, тогаш е оправдано да очекуваме и јасна европска перспектива за она што следува потоа. Нашата цел не е да го одложуваме процесот, туку да создадеме услови тој конечно да се движи напред на стабилна и одржлива основа“, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека Македонија ќе продолжи со реформите во владеењето на правото и јавната администрација, со подобрување на деловната клима и со дигитализацијата и реформите во образованието.

„Реформската агенда во рамките на Планот за раст веќе создава конкретни резултати и сакаме оваа динамика да продолжи. Европската комисија оваа година позитивно ги оцени спроведените реформи, што овозможи натамошно користење средства од Планот за раст. За нас е особено важно европската интеграција граѓаните да почнат да ја чувствуваат уште пред формалното членство: преку поголем пристап до единствениот европски пазар, нови економски можности, подобра инфраструктурна поврзаност, инвестиции и повеќе можности за младите. Токму затоа ја гледаме постепената интеграција како важен дел од процесот и како начин европската перспектива да стане видлива и конкретна“, рече премиерот.

Remote video URL
реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Средновековен град го исклучи уличното осветлување, улиците ги осветлуваат свеќи

Read more

Македонија

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Read more

Променливо и постудено време: Температури до 16°C

Read more

Поради падот на температурите, грејната сезона започнува од утре

Read more

Казнети свадбарите што блокираа улица во Аеродром

Read more

Вести

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Читај повеќе

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Читај повеќе

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Читај повеќе
  • play_arrow

Два брода погодени од дронови во морето кај Бугарија, еден потона

Читај повеќе

Илон Маск стана најголем донатор на изборите во САД: Од јули дал над 276 милиони долари

Читај повеќе

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо и постудено време: Температури до 16°C

Читај повеќе

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Читај повеќе

Шефицата на ММФ: Инвестициите во вештачка интелигенција го одржуваат глобалниот раст на 3%

Читај повеќе