Мицкоски се извини за спотот во Македониумот и побара разрешување на директорот 

Премирот Христијан Мицкоски смета дека музички спотови не треба да биде дозволено да се снимаат во институции како Македониумот во Крушево, по многуте реакции во јавноста за спотот на косовски рапер снимен во објектот за песна со наслов „Секси мама“. Мицкоски вели дека ги следи реакциите и уште денес ќе побара разрешување на директорот и Управниот одбор.

„Навистина тоа коешто таму се случило претставува нешто коешто не требало да се случи. Јас ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со Управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба да бидат изнајмувани и користени за зтакви намени. Јас им се извинувам на граѓаните поради тоа што тоа. Тој пропуст е направен и се случил, и ќе се потрудиме во иднина такво нешто да не се повтори. Уште денеска ќе побарам да бидат и членовите на Управниот одбор и директорот на таа културна институција разрешени“.

Видеоспотот има делови снимени во внатрешноста на Македониумот, простор во кој се наоѓа гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, како и дела на уметниците Борко Лазески и Томе Серафимовски.

Вршителот на должност директор на Македониумот, Миха Оџаклиески, за медиумите објасни дека одлуката ја донел Управниот одбор, а раперот за користењето на објектот платил 500 евра за пет-шест саати.

реклама

Знаете ли што претставува малата дупка што се наоѓа во речиси секој мијалник?

Read more

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Симптоми што може да укажуваат на рак, а често се припишуваат на други здравствени проблеми

Read more

Македонија

Нема напредок во историската комисија со Бугарија: Без договор за Охридската архиепископија и одбележувањето на Даме Груев

Read more

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Read more

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Read more

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Read more

Вести

  • play_arrow

Најмалку 6 лица загинаa во пукање на плоштад во Краков

Читај повеќе

Маж пронајден починат на улица во Гостивар, телото дадено на обдукција

Читај повеќе

Нема напредок во историската комисија со Бугарија: Без договор за Охридската архиепископија и одбележувањето на Даме Груев

Читај повеќе

Руски ракетен напад врз Киев: Петмина повредени, оштетени станбени згради и градинка

Читај повеќе

Трамп потврди нови американски напади врз Иран

Читај повеќе

Светските цени на храната паднаа по 4 години, најголемо поевтинување кај житариците

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај!

Читај повеќе

Викендов можни прекини на банкарските услуги

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Центар поради трка

Читај повеќе