Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај Ласкарци, несреќа во која загинаа 16 лица, изјави:

„Тоа се рецитиви и остатоци, мал дел од претходната Влада на СДСМ и ДУИ. И тоа е последниот обид за заштита на таа Влада и на луѓето коишто беа дел од таа Влада. Гледате како грчевито се борат, ги амнестираат, таков беше случајот со модуларната болница, така е и сега со Ласкарци. Имаме триесетина жртви, имаме многу луѓе коишто имаат траен инвалидитет, но за жал тоа не е доволна причина за овие малкумина судии и обвинители да застанат на страната на правдата. Сепак тие остануваат да бидат верни слуги на тие коишто во минатото ги поставиле. И тоа е уште едно разочарување, не само за мене, туку генерално и за граѓаните“.

За жал, оценува Мицкоски, малкумина судии ги контаминираат сити оние чесни судии и обвинители коишто се во нашиот правосуден систем.

„Но добро е, кога разговарам со моите колеги од Европската Унија, еве да ги следат овие примери и да видат кога зборуваме за правосудството, со кого ние имаме работа и со кого ние во суштина имаме предизвик да се бориме. Понекогаш имам и чувство дека со ветерници се бориме, како да е сето ова Донкихотовска битка. Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода, луѓе за коишто постои основано сомневање, односно правосилна судска пресуда. И како последица на нивното работење имаме повеќе десетици мртви, како ништо да не било. Тоа за нив ништо не значи, бидејќи од тој којшто ги назначил, нивниот стопан, нивниот газда добиле таква наредба. Тоа е едно големо разочарување. Но, тука не се откажуваме и нема да очајуваме. Ќе продолжиме да се бориме, правдата мора на крај да победи и ќе победи“, порача Мицкоски.

реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Човек од Белата куќа: Спречивме катастрофа на Балканот

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Македонија

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне од втората половина на октомври

Read more

Апасиев најави контра предлог: Наместо укинување на празниците, ќе предложиме 6-часовен работен ден

Read more

Акциска контрола на возила за јавен превоз – за 5 часа констатирани 92 неправилности

Read more

ВЛЕН: Народот врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса

Read more

Вести

  • play_arrow

Прекината потрагата по екипажот на бродот погоден од дрон кај Бугарија

Читај повеќе

Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне од втората половина на октомври

Читај повеќе

Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње, интервенирала полицијата

Читај повеќе

Апасиев најави контра предлог: Наместо укинување на празниците, ќе предложиме 6-часовен работен ден

Читај повеќе

Човек од Белата куќа: Спречивме катастрофа на Балканот

Читај повеќе

Иуте отвори нова flagship експозитура во центарот на Скопје – наместо шалтер, ве пречекува дневна соба

Читај повеќе

Акциска контрола на возила за јавен превоз – за 5 часа констатирани 92 неправилности

Читај повеќе
  • filter

Зеленски: Руската армија уништи петкатница како роденденски подарок за Путин

Читај повеќе

ВЛЕН: Народот врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат над 335 илјади евра на маса

Читај повеќе