Мицкоски: Влада на резултати наместо за комфор, функциите мора да се заслужат

Од првиот ден кога ја презедовме одговорноста кажав дека оваа Влада нема да биде влада на комфор, туку влада на резултати. Нема да биде влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува, истакна премиерот Христијан Мицкоски на собраниска седница на која треба да бидат претставени новите министри.

Функцијата, додаде Мицкоски, никогаш не била и никогаш нема да биде цел сама по себе.

„Довербата што граѓаните ја дадоа пред две години не му припаѓа ниту на премиерот, ниту на министрите, ниту на која било политичка партија. Таа доверба им припаѓа единствено на граѓаните. Ние сме само привремени чувари на таа доверба. И затоа имаме обврска постојано да се преиспитуваме.“

Влада што престанува да се преиспитува, како што рече, почнува да стагнира.

„Нашата цел никогаш не била само да управуваме. Нашата цел беше да менуваме. Да ги менуваме институциите, навиките. Да ја менуваме политичката култура. Да покажеме дека во Македонија конечно може да постои власт која нема да се плаши да носи одлуки, дури и кога тие не се лесни. Затоа денес не гледајте на оваа реконструкција како на крај на нечија работа. Една од најважните лекции што ја научив низ политиката е дека зрелоста на една Влада не се гледа само во тоа како избира луѓе, туку и во тоа како се разделува од нив“, порача Мицкоски.

Денес, како што кажа, не се збогуваме со луѓе кои не работеле.

„Денес им оддавам признание на луѓе кои во различни околности, во различни ресори и со различни предизвици дадоа свој придонес во реализацијата на програмата за која граѓаните ни ја дадоа довербата. И вие од опозицијата ќе зборувате со флоскули и невистини, а јас со конкретни бројки и резултати. Во оваа Влада никој не се брише од историјата затоа што денес завршува една функција. Ниту, пак, некој ќе биде вреднуван според тоа дали останал или си заминал од кабинетот.“

Единственото мерило, како што посочи Мицкоски ќе остане по она што го оставил зад себе.

Обраќајќи се кон опозицијата, Мицкоски им кажа дека пред да делат лекции, треба да погледнат што оставиле зад себе.

„Имате поранешни министри кои се дел од вашата пратеничка структура, обременети со скандали и сомневања за сторен криминал додека ја извршувале функцијата која ја извршувале. Во вашето владеење премногу често националните интереси беа ставани во втор план. Донесувавте одлуки за кои голем дел од граѓаните сметаа дека се спротивни на националното достоинство и идентитет. Наместо да ја обединувате државата, оставивте длабоки политички и општествени поделби. Промената на уставното име на државата останува една од најконтроверзните политички одлуки во поновата историја. Ние не сме овде за да го менуваме минатото. Но, овде сме да не дозволиме повторно да се повтори.“

Денес, порача Мицкоски, останува граѓаните да судат за делата.

„Верувам дека Македонија заслужува повеќе. Заслужува држава што ќе биде силна, достоинствена и успешна. Држава што нема да живее од минатото, туку ќе ја гради својата иднина со работа, чесност и одговорност.“

реклама

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Македонија

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Read more

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Read more

Земјотрес во Пехчево и Берово

Read more

СДСМ бара ОЈО да отвори истрага за потрошените 5,5 милиони евра за прославата на Денот на независноста

Read more

Вести

Фон дер Лајен до Западен Балкан: Во ЕУ само по заслуга, за нашите вредности нема да преговараме

Читај повеќе

Нови фотографии откриваат колку се уништени американските бази по иранските напади

Читај повеќе
  • filter

Белорусија вежба одбрана од дронови на границите со Полска и Литванија

Читај повеќе

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Читај повеќе

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Читај повеќе

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Читај повеќе

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе