Мицкоски: Водата во Гостивар треба да биде добра за пиење до крајот на следната недела

До крајот на оваа недела премиерот Христијан Мицкоски очекува водата во Гостивар да биде дозволена за техничка употреба, а до крајот на следната недела да биде добра и за пиење. Одговарајќи на новинарски прашања денес при посетата на Кавадарци, премиерот рече дека е предвидено целосно чистење на системот за водоснабдување во Гостивар.

„Ако биде сѐ како што треба бидејќи се вклучија екипи и од скопскиот Водовод и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да имаме технички исправна вода во Гостивар. Сега треба да се пристапи кон целосно перење на системот за да можеме да добиеме вода која ќе има нормални граници на хлор и која што ќе биде добра за техничка употреба, а ако биде сѐ како што треба, планот е до крајот на следната недела таа вода да биде добра и за пиење“, рече премиерот Мицкоски.

И денес премиерот кажа дека Владата иако нема ингеренции за градскиот водовод, прави сѐ што може за, како што кажа, час поскоро системот да профункционира и да се стави во употреба.

„За жал таа летаргија што ја зафати општината после овој случај претставува предизвик за сите нас, но тоа е што е“, вели премиерот Мицкоски.

Водата во Гостивар од 19 јули е забранета за употреба поради присуство на фекални бактерии од кои веќе се заразија и побараа лекарска помош околу 3.500 гостиварци. Истиот ден беше прогласена и епидемија, а два дена подоцна Владата прогласи 30 дена кризна состојба во Гостивар за поголема координација на институциите.

реклама

Зошто не треба да користите оцет за чистење на надворешни плочки?

Read more

Трик за сочно и меко печено пилешко

Read more

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Македонија

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај Грачани, трет ден трае борбата со огнот

Read more

Сончево време со температура до 33 степени

Read more

Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат

Read more

Утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Read more

Вести

Европската Унија ја предупреди Србија поради комеморацијата за Младиќ

Читај повеќе

Семејството на Ратко Младиќ тврди дека тој е убиен во Хаг

Читај повеќе

Министерот за финансии на САД: Цените на горивата се високи оти Украина одлучи да ги уништи руските енергетски средства

Читај повеќе

Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за кичевчанка

Читај повеќе

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Читај повеќе

Загреб се поврза со Пекинг

Читај повеќе

Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Читај повеќе
  • filter

Трамп ќе гради Триумфална капија

Читај повеќе

Русиja: Германските ракетни системи се легитимни воени цели

Читај повеќе