Мицкоски за Безбеден град: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Remote video URL

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално со пробниот период, денеска изјави:

„Апсолутно ја поддржувам применета на проектот ‘Безбеден град’ и поддржувам негово проширување на целата територија на земјата. Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме тој политички удар да го издржиме, само да спасиме некој човечки живот. Затоа што само изминатава недела – две во строгиот центар на главниот град – имавме три жртви, повредени, што би рекол, луѓе што го изгубиле животот поради неприспособена брзина или непочитување на сообраќајните правила.

Во разговори со министерот за внатрешни работи реков дека сме подготвени како Влада да ги трпиме сите критики. Слушам некои од поранешните пратеници на поранешното владејачко мнозинство на СДСМ и ДУИ го критикуваат ова, возеле 52, 53, 55, па добивале опомени. И со 50,5 ќе добијат опомени бидејќи си има правила за тоа што значи приспособена и неприспособена брзина. И ако еден човечки живот успееме да спасиме, еве јас сум подготвен целиот товар да го прифатам на себе и да ја прифатам целокупната политичка одговорност, па макар еден да спасиме човечки живот поради тоа што некои од тие човечки животи се губат поради непочитување на сообраќајните правила, а најчесто тоа се случува со неприспособена брзина. Ние алармиравме дека до ова ќе дојде, видовте во текот на еден ден колку сообраќајни прекршоци се направени. Повеќето од нив се затоа што несовесни возачи управуваат патнички возила кои не се регистрирани. Некои од прекршоците, неколку илјади, вчера беа поради тоа што поминале на црвено светло. Еве само вратете се назад и ќе видите колку луѓе го изгубија својот живот затоа што некој управувал патничко возило, не ја приспособил својата брзина и поминал на црвено светло.

Ќе повторам, ако треба за тоа да го издржиме политичкиот притисок и удар, сето сум подготвен да го прифатам, само да спасиме човечки живот.“

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Македонија

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Read more

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Јаневска ги потврди казните од 250 евра за родителите на насилните ученици

Read more
 

Вести

Ердоган: Нема мир на Блискиот Исток додека не престанат израелските провокации

Читај повеќе

Уапсен 26-годишен скопјанец за уцена, при апсењето повредил полицајка

Читај повеќе

Малолетник со месеци принудувал 12-годишно девојче да му праќа голи снимки

Читај повеќе

Поради врнежи, дневната програма на „Виноскоп“ е одложена за утре

Читај повеќе

Емиратите неуспешно се обидоа да ги убедат Саудиска Арабија и Катар заедно да го нападнат Иран

Читај повеќе

Уапсен шефот на белградската полиција и поранешен советник на Вучиќ

Читај повеќе

Дождлив викенд со грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Украина собори 269 дронови во новиот масовен напад на Русија

Читај повеќе

Подгорица ја осуди изјавата на Вучиќ за годишнината од црногорската независност

Читај повеќе