Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

СДСМ ги оцени како лага тврдењата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, дека претходната власт оставила можност за ново бугарско вето, овојпат за вклучувањето на македонскиот јазик меѓу службените јазици на Европската Унија.

„Каква лага! Како може да каже дека претседателката на Европската комисија лаже? Таа му кажа на Мицкоски в лице: 'Европа ве чека со вашиот идентитет и вашиот јазик'“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Опозициската партија ја обвинува власта дека го блокира европскиот пат на земјата и дека реформите стојат во место.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Facebook објави дека преговарачката рамка со ЕУ не гарантира дека македонскиот јазик автоматски ќе стане еден од службените јазици на Унијата. Повикувајќи се на европските договори, Милошоски посочи дека за вклучување нов службен јазик е потребна едногласна одлука на Советот на ЕУ, што значи дека и една земја членка би можела да го блокира процесот.

Според него, декларацијата што Бугарија ја доставила до Советот на ЕУ во јули 2022 година, во која се наведува дека споменувањето на македонскиот јазик во преговарачката рамка не значи негово признавање од Софија, претставува ризик од ново бугарско вето.

Милошоски ја обвини претходната влада на СДСМ и ДУИ дека со прифаќањето на францускиот предлог оставила отворена можност за дополнителни блокади на европскиот пат на Македонија. Според него, за обезбедување на статусот на македонскиот јазик како службен јазик на ЕУ ќе бидат потребни сериозни дипломатски напори и поддршка од земјите членки.

реклама

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Read more

Време на зимници: Како да направите домашен сок од јаболка?

Read more

Кос: Добив јасни сигнали дека нема смисла да барам средба со Јанша

Read more

Брз и вкусен ручек за по работа: Печена брокула со кашкавал и павлака

Read more

Македонија

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Read more

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Read more

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Read more

Утре ќе се вози по изменет сообраќаен режим кон гробиштата во Скопје

Read more

Вести

Граѓански протест против фемицидите в недела во паркот „Жена-борец“

Читај повеќе

Нови закани за бомби во Европа: Еден авион пренасочен, друг слета во Лисабон

Читај повеќе

„Студентска листа“ бара нов договор со Русија, Москва веднаш одговори

Читај повеќе

Германија ги зголеми казните за употреба на дроги за силување

Читај повеќе

ЗХГ: Град Скопје со плагијат од 73 илјади евра ќе го „решава“ загадувањето

Читај повеќе

Мицкоски уверува дека „Алта банка“ не е како „ТАТ“ и „Еуростандард“: Бараме купец

Читај повеќе

Даночните оази „цицаат“ 59,3 милијарди евра годишно од ЕУ

Читај повеќе

Уапсени осум полицајци за смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на обвинет за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Скопјанец приведен за сексуална уцена и изнуда

Читај повеќе