Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола при МВР констатирал непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, и тој началник ќе биде разрешен.
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар“, стои во соопптението и се додава дека за лицето е покрената дисциплинска постапка.
Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, од МВР велат дека наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата.
„МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните“, се вели во соопштението.