МВР со важно известување како ќе се извршуваат забраните за управување со моторно возило

Министерство за внатрешни работи  ја информира јавноста за законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната санкција „Забрана за управување со моторно возило“, определена со правосилни судски пресуди.

Согласно новите законски одредби, извршувањето на забраната повеќе не се врши со физичко впишување во возачката дозвола. Со ова се укинува потребата граѓаните дополнително да плаќаат за издавање нова возачка дозвола со впишана забрана, со ист рок на важност.

Наместо тоа, воспоставен е дигитален систем на известување преку две текстуални пораки (SMS) и електронска пошта (e-mail).

Процес на известување и почеток на забраната

Прва порака – известување

Граѓаните ќе ја добијат првата порака приближно седум дена по пополнувањето на изјавата со контакт податоци. Оваа порака содржи информации за видот и времетраењето на изречената забрана.

Втора порака – почеток на санкцијата

Осум дена по примањето на првата порака, на граѓаните ќе им биде доставена втора порака. Забраната за управување со моторно возило официјално започнува да тече од моментот на приемот на втората порака.
Министерството во следната фаза ќе овозможи извршувањето на забраната да започнува веднаш по ажурирањето на податоците.

Досега, согласно новиот начин на извршување, реализирани се над 3000 забрани за управување со моторно возило, изречени со правосилни судски пресуди.

Нагласуваме дека забраната не започнува да тече од денот на пополнување на изјавата во Одделенијата за управни работи, туку исклучиво по приемот на втората текстуална порака.

Апел до граѓаните

МВР ги повикува сите граѓани за кои има донесено правосилни пресуди со ваков вид санкција, а кон кои е испратена покана од страна на Министерството, да се упатат во надлежните организациони единици за управни работи.

Целта на посетата е доставување и ажурирање на личните контакт податоци (број на мобилен телефон и е-маил адреса), што е неопходен предуслов за правилно и навремено извршување на санкцијата и избегнување дополнителни недоразбирања.

Дополнително, МВР ги известува сите граѓани кои имаат за цел да избегнат извршување на забраната, а за кои Министерството веќе располага со контакт податоци, дека санкцијата ќе биде реализирана, а тие ќе бидат известени преку СМС порака и електронска пошта.

Покрај извршувањето на забраните изречени со правосилни судски пресуди, паралелно и целосно автоматизирано се спроведува и извршувањето на забраните констатирани преку системот Безбеден град. Известувањето се врши на ист начин – преку СМС порака и електронска пошта – за сторени прекршоци за кои според закон е предвидена ваква санкција и за кои граѓаните ја прифатиле одговорноста и ја платиле предвидената глоба.

Со воведувањето на овие измени, процесот станува побрз, поефикасен и значително се намалуваат административните процедури за граѓаните, стои во соопштението на МВР.

Тагови
реклама

Европска земја во која жените бараат маж „под дрво и камен“

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Вучиќ го нападна Маѓар

Read more

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Македонија

Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден Илинден – 1903 година

Read more

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Read more

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Read more

Македонска пошта доби 100 нови возила

Read more
 

Вести

Сиљановска-Давкова постхумно го одликува Анастас Коцарев со Орден Илинден – 1903 година

Читај повеќе

Се отвора најдолгата железничка рута во ЕУ

Читај повеќе

Татко се самозадоволувал и прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син

Читај повеќе

Германска пиварница повлекува пива поради ризик од експлозија на стаклената амбалажа

Читај повеќе

Зеленски: Трамп не е на страната на Украина

Читај повеќе
  • filter

Омилената вила на Путин сега е заштитена со 27 системи за воздушна одбрана

Читај повеќе

УЈП: Нема нов данок за приходи од странство, се применуваат постојните закони

Читај повеќе

Како промената на владата во Унгарија ќе влијае на ЕУ?

Читај повеќе

Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април

Читај повеќе