Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Управата за јавни приходи ја објави септемвриската листа на најголеми должници, на која се вкупно 5.240 правни и физички лица со ненамирени обврски од над 13,64 милијарди денари, односно околу 221,8 милиони евра.

На врвот на листата се 3 компании од Скопје, а најголем должник е Хант осој трејд, со долг од над 900 милиони денари, односно околу 14,87 милиони евра.

Според информациите на УЈП, компанијата нема имот од кој долгот би можел директно да се наплати.

„Не поседува движен и недвижен имот. Има присилна наплата од парични средства. Утврдена е даночна гаранција, во тек се мерки за наплата од даночен гарант“, велат од УЈП.

Со сличен износ на неплатени обврски е и скопската компанија Окитна трејд, регистрирана во Визбегово. Меѓу трите најголеми должници е и Лисав од Скопје.

Кај сите три компании, според објавените податоци, долгот се однесува исклучиво на неплатен данок на додадена вредност.

Септемвриската листа се однесува на долгови доспеани за плаќање до 31 мај 2026 година, а кои не биле платени ниту до 31 август.

На неа се опфатени обврски по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

За физичките лица и самостојните вршители на дејност на листата се објавуваат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица прагот е над 300.000 денари.

Од вкупно 5.240 должници, 2.008 се правни, а 3.232 се физички лица.

Податоците покажуваат дека состојбата се влошила во споредба со претходниот месец. На листата има дополнителни две фирми и 38 физички лица, а вкупниот ненамирен долг е зголемен за околу 7,3 милиони евра.

Само долгот по основ на даноци и придонеси изнесува 13,46 милијарди денари, односно околу 218,8 милиони евра. Тој за еден месец е зголемен за речиси 7,5 милиони евра.

Практично, најголемиот дел од вкупните 221,8 милиони евра што ги побарува државата од обврзниците се однесува токму на неплатени даноци и придонеси.

Од УЈП посочуваат дека листата на должници се објавува согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Листата на должници може да се преземе тука.

Тагови
реклама

Што се случува со холестеролот ако јадете јајца секој ден?

Read more

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Read more

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Read more

Три хороскопски знаци до Нова Година ќе го добијат она што долго го посакувале

Read more

Македонија

Бензините и дизелот со исти цени, поскапува само мазутот

Read more

Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова

Read more

Артан Груби излегува од притвор

Read more

Без вода денеска дел од општина Центар, без струја делови од Аеродром и Чучер Сандево

Read more

Вести

Дали државата повторно ќе се обиде да ја погуби Криста Пајк? 

Читај повеќе

Бензините и дизелот со исти цени, поскапува само мазутот

Читај повеќе

Штерјова: Тошковски треба да поднесе оставка по бегството на Михајлова

Читај повеќе

Руте по нападот во Бугарија: НАТО ја следи безбедносната состојба

Читај повеќе

Артан Груби излегува од притвор

Читај повеќе

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Читај повеќе

Трамп: Ја донесов вистинската одлука за американскиот народ

Читај повеќе

Член на AfD предизвика меѓународен скандал: Објави мапа на „Голема Германија“ 

Читај повеќе
  • play_arrow

Два брода погодени од дронови во морето кај Бугарија, еден потона

Читај повеќе