НаТочак: Скопје можеби нема да биде веќе бојно поле

Системот „Безбеден град“ за време на првиот пробен период на 1 декември евидентирал 110.000 прекршоци, додека според информациите од Министерството за внатрешни работи на 2 декември забележани се вкупно 50.652 прекршоци, што претставува намалување за половина на бројот на регистрирани прекршувања.

Од овие, 48.861 се однесуваат на прекршоци за брзина, 1.366 за минување на црвено светло и 425 за нерегистрирани возила.

Сите кои деновиве учествуваат во скопскиот сообраќај на било каков начин, можеа да осетат дека не се гази толку неконтролирано на гас, не се свири на тие што си почитуваат брзина, дека не се фаќа толку семафор на црвено, забележуваат од „НаТочак“, група ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје.

„Тоа покажува и дека само со опомени, системот ‘Безбеден град’ има ефект! А што ќе биде кога ќе почнат казните… Замислете: Скопје можеби нема да биде веќе бојно поле и ќе стане побезбедно и порелаксирано место за живеење. А таа цел вреди! Ни се допаѓало или не, секаде каде што има ред, постигнат е со казнување, неселективно!“, велат од „НаТочак“ и даваат поддршка на храброста и одлучноста да се спроведе „мерката која на краток рок носи негативни поени, но на среден и долг рок спасува животи“.

Понатаму, тие велат дека со оваа мерка горе-долу главните градски булевари ќе станат побезбедни, а за целосен ефект на безбедноста велат дека паралелно мора да се работи и на: физичко смирување (потесни ленти, шикани, подигнати пешачки премини) на сообраќајот на сите други (општински) улици зашто не може и не треба да има камера на секое ќоше, туку просторот да биде креиран за посакуваната брзина; подобрување на условите за движење со останатите превозни средства (јавен превоз, велосипеди, тротинети, пешачење) односно ослободување и заштита на тротоарите, со физичка заштита или со репресивни мерки - комунална полиција; подобри услови за јавен превоз итн.

„Во однос на ‘Безбеден град’ очекуваме МВР да биде отворено за конструктивните сугестии од граѓаните, впрочем затоа е и тест периодот, но во никој случај да не се отстапи од суштината!“, велат тие и потсетуваат зошто 50 км/час е речиси универзално максимално дозволено ограничување за населени места во светот и зошто не смее да има преголема толеранција на надминувањето.

НаТочак укажуваат дека:

  • Од удар од возило со 50 км/час преживуваат 15-50% oд пешаците
  • Од удар од возило со 60 км/час преживуваат 5-10% од пешаците
  • Се тежнее дури и кон ограничувања од 30 км/час зашто при удар од возило со 30 км/час преживуваат 90% од пешаците

Разликата не е линиска, туку експоненцијална, велат од „НаТочак“ и додаваат дека ако има толеранција од 5 или 10 км/час над 50 км/час, тоа не е толеранција, „тоа е веќе воведување на ново повисоко брзинско ограничување ‘на задна врата’, кое повторно поединци ќе имаат проблем да го одржат и кое има значаен ефект врз (не)безбедноста!“

„Да, најголем проблем се тие кои возат над 100 км/час, тие предизвикуваат 100% смртност. Но голем проблем се и тие кои возат над 50 км/час според горните статистики. Тие предизвикуваат 90% смртност. Возете под 50 км/час и нема да добивате казни“, апелираат од „НаТочак“.

реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Македонија

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Read more

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Read more

Ново балканско рангирање: УКИМ лидер во земјава, Кедев на врвот меѓу македонските истражувачи

Read more

ФЗОМ ги намали цените за ХПВ и ликвид ПАП тестовите: Попристапен скрининг за рак на грлото на матката

Read more

Вести

Нов удар врз џебовите на потрошувачите во ЕУ: цените на храната во Холандија скокнаа до 10 проценти

Читај повеќе

Бројот на заразени со ебола во ДР Конго се искачи на 635, починати се 127

Читај повеќе

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Читај повеќе

Трамп: Денес ќе го нападнеме Иран многу силно

Читај повеќе

Црна биланс на небото над Блискиот Исток: Колку авиони изгубија САД од почетокот на конфликтот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Читај повеќе

Нетанјаху остро му одговори на Ердоган: Антисемитски диктатор кој врши геноцид врз Курдите не може да држи лекции

Читај повеќе

Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

Читај повеќе

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразна болест

Читај повеќе