Данела Арсовска со букет цвеќе беше испратена од канцелариите на Град Скопје на 6 ноември, кога новоизбраниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата градоначалник на Скопје.
Оттогаш, Арсовска продолжува да биде жестоко активна на социјалните мрежи, и тоа преку Facebook профилот што го користеше како градоначалник на Скопје, каде и сè уште е наведена како носителка на таа функција. Преку овој профил, таа ги коментира потезите на локалната и извршната власт, особено пикирајќи ги активностите на нејзиниот наследник Ѓорѓиески.
Арсовска користеше уште еден Facebook профил, но тој не е активен од 2023 година, каде последна е објавата за матурирањето на нејзиниот син.
Оној преку кој е политички активна, како коментатор, е профилот преку кој ја известуваше јавноста за нејзините активности како градоначалник.
Можеби некој треба да ја потсети Арсовска дека нејзината политичка кариера заврши. Нејзиниот портрет во боја можеби стои во ходниците на Град Скопје, но градот има нов началник.
Нема да биде на одмет да се сменат и податоците на Wikipedia каде покрај квалификациите дека е „економист, активист, политичар“ уште стои и дека е „градоначалник на Град Скопје“.
Да потсетиме дека во пресрет на локалните избори во 2021 година, Арсовска ја истакна својата кандитатура како независен кандидат за градоначалник на Скопје. Во брз рок го исполни условот за кандидатура, собирајки ги потребните гласови за номинација. Зад независната кандитатурата за градоначалник, таа доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери од албанскиот политички блок Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и од голем број познати скопски интелектуалци, уметници и видни граѓани.