РЦУК - Скопје известува дека денеска поради уличен дефект Ф-400 на ул. „Лука Геров“ бр. 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани, Општина Ѓорче Петров.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот.