Николоски: Земјите на Коридорот 10 ќе потпишеме договор за брза пруга

Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга на Коридор 10 со кои се обврзуваме да воспоставиме брз транспорт, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски по средбите во Брисел со претставници од ЕУ и министрите за транспорт од регионот на Министерскиот совет. Тој најави дека на иницијатива на Австрија ќе се потпише и Договор за доизградба на Коридор 8.

„Она што очекував дека ќе се случи се случува, а тоа е дека ќе потпишеме заедничка декларација Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија за изградба на железнички коридор 10, нешто што беше подготвено од минатата година, но за жал заради несреќата во Нови Сад тоа беше одложено. Тоа е многу значајно за нас бидејќи нема поента да потрошиме над 2 милијарди евра, а другите држави да не градат. Ќе се обврзе Грција да го заврши делот од над Солун до Гевгелија. До јануари ќе ја завршат сигнализацијата до Гевгелија, ќе има најмодерна сигнализација и после тоа ќе почнат да работат на двоколосечна пруга, што значи дека едноколосечната пруга веќе до јануари ќе биде со брзина до 120 км на час за карго што значи дека возовите многу побрзо ќе одат до солунското и атинското пристаништа. Понатаму ќе треба да ја работат и втората линија која треба да биде патничка и ќе се поклопи со горе/долу 2030 година период кога и ние ќе ги завршиме двете линии, додека првата карго линија ќе биде готова 2028 година.

Понатаму, Србија треба да го изгради делот што недостасува од граница до Ниш, Белград – Будмипешта е готова и ја ставаат во функција, а Будимпешта -Виена постои како брза пруга, што е една одлична вест за Коридор 10. Исто така на иницијатива на Австија ќе потпишеме и Договор за Коридор 8, за да Албанија се обврзе да гради затоа што нема поента ние да трошиме средства, Бугарија да троши, а Албанија да не го прави истото, бидејќи треба да се поврземе од Драч до Црното море“, истакна Николоски.

Тој додаде дека визијата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија да стане центар на Балканот, во овие година и половина почнува да дава резултати и како факти ги истакна овие меѓународни средби и средства што се одвојуваат за крупните капитални проекти.

реклама

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Read more

Македонија

Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“

Read more

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Read more

Променливо облачно време со дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Read more

МЗ: Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството

Read more
 

Вести

Спроведена симулација: Кој би победил во војна меѓу САД и ЕУ?

Читај повеќе
18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

Читај повеќе

Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“

Читај повеќе

Каков одговор планира ЕУ за Трамп во врска со Гренланд?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Читај повеќе

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

Читај повеќе

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Читај повеќе

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Читај повеќе

Променливо облачно време со дожд и снег, нов бран врнежи од вторник

Читај повеќе