Од 31 октомври ќе биде пуштена нова авиолинија од Скопје до Ларнака, Кипар, објави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот Facebook профил.

„На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 почнува новата авиолинија Скопје-Ларнака Кипар! Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати. Продолжуваме да работиме на развојот на авиосообраќајот во Македонија“, објави вицепремиерот Николоски на социјалните мрежи.