Ново балканско рангирање: УКИМ лидер во земјава, Кедев на врвот меѓу македонските истражувачи

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е најдобро рангираната високообразовна институција во Македонија според новопромовираната платформа АРБУ (Академско рангирање на балканските универзитети), додека проф. д-р Сашко Кедев е највисоко рангираниот македонски научник.

АРБУ денеска беше промовиран во Скопје како прво регионално рангирање кое ги опфаќа универзитетите од целиот Балкан и нивното научно влијание. Анализата опфаќа 324 универзитети и високообразовни институции од 8 држави, повеќе од 33.000 професори и истражувачи и над 19,7 милиони научни цитати.

Според резултатите, на врвот на балканската листа се Универзитетот во Загреб, Универзитетот во Белград и Универзитетот во Љубљана.

Во Македонија, УКИМ е најдобро рангиран универзитет и водечки во најголем број научни области. Сепак, рангирањето покажува значителен јаз во однос на водечките регионални институции. Додека УКИМ располага со околу 400 илјади цитати, Универзитетот во Загреб има повеќе од 4,6 милиони цитати, а универзитетите во Белград и Љубљана повеќе од 2 милиона.

По УКИМ, највисоко рангирани во земјава се Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот во Тетово. Меѓу приватните високообразовни установи најдобро пласиран е Меѓународниот балкански универзитет.

Во категоријата индивидуални истражувачи, највисоко рангиран научник од Македонија е проф. д-р Сашко Кедев со повеќе од 38.500 цитати. По него следуваат академик Љупчо Коцарев, проф. д-р Марија Вавлукис, проф. д-р Тодор Арсов и проф. д-р Лидија Попоска.

Податоците покажуваат дека медицинските науки се најсилното научно поле во Македонија според цитираноста и меѓународното влијание, при што речиси 60% од цитатите на највлијателните македонски истражувачи доаѓаат токму од оваа област.

На промоцијата на платформата, основачот на АРБУ, проф. д-р Марјан Бојаџиев, изјави дека целта е Балканот да добие сопствена академска мапа и транспарентна алатка за следење на академската успешност на универзитетите и истражувачите.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, оцени дека македонското високо образование со години заостанува зад регионот, но посочи дека се спроведуваат законски и финансиски реформи за подобрување на состојбите.

реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Македонија

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Read more

ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Латас: Монтираниот случај конечно падна

Read more

По Груевски, се спаси и Латас: Застаре предметот за даночно затајување

Read more

Повеќе од 250 доброволни пожарникари ќе гаснат пожари летово во Македонија

Read more

Вести

Трамп драстично го намалува времето што странските студенти и новинари можат да го поминат во САД

Читај повеќе

Времето утре сончево и топло, попладне локален дожд и грмежи

Читај повеќе

Кремљ: Тешкотиите во руската економија не се критични

Читај повеќе

Пресуда за уривањето на мостот во Џенова при што загинаа 43 лица

Читај повеќе

Со украдени лични податоци на граѓани подигнале околу 3 милиони денари брзи кредити, меѓу обвинетите и вработен во ФЗО

Читај повеќе

Под лупа: Каде е најчисто морето во Црна Гора?

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Латас: Монтираниот случај конечно падна

Читај повеќе

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Читај повеќе

Џеј Ди Венс ја обвини израелската влада дека ги свртила Американците против договор со Иран

Читај повеќе