Обновливите извори во пораст од 11,43%: Ветерот и сонцето ја менуваат енергетската слика на Македонија во 2025 година

Раст од 11,43% на производството на електрична енергија од обновливи извори е регистриран во 2025 година во споредба со 2024 година, додека вкупното производство изнесува 6.123 GWh и е практично на исто ниво – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година.

Најголем пораст на производството од обновливи извори (ОИ) од 32,50% има кај ветерните електроцентрали, додека за прв пат производството на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали го надмина производството од комбинирани централи.

Во 2025 година РКЕ измени 7 лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со кои се додадоа складишта во склоп на истите со вкупна инсталирана моќност од 7,1MW.

„Воведувањето на батериите за складирање на енергија во пракса значи забрзана енергетска транзиција. Складирањето на енергијата во периоди кога има вишок и нејзино користење во периоди кога потребите од електричната енергија се зголемуваат е директна придобивка, но ќе влијае и врз намалување на вкупните трошоци во системот од аспект на поефикасно управување и користење на системските услуги“, изјави Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Во 2025 година издадени се вкупно 236 лиценци од областа на електрична енергија, од кои најголем дел се за производство од ОИ. Континуираните инвестиции во капацитети за производство од ОИ го зголемија учеството на 58,22% во вкупниот инсталиран капацитет во земјата.

Зголемената конкуренција на пазарот со активни 21 снабдувач донесе подобри услови за потрошувачите. На берзата на електрична енергија се регистрирани 40 компании и истргувани 1.371 GWh, што претставува раст од 41% во споредба со претходната година.

Во извештајот се нотира забрзување на активностите за поефикасна интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари на електрична енергија. Назначувањето на НЕМО за номиниран оператор на пазар на електрична енергија, одлуката на Агенцијата за соработка на енергетските регулатори (ACER) за приклучување на македонската зона на наддавање кон регионот за пресметка на капацитети на Југоисточна Европа, како и изработката на Планот за интеграција на работата на споените пазари се дел од активностите за спојување на пазарите.

реклама

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Македонија

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Read more

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Read more

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Read more

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Read more

Вести

Kако авиокомпаниите ќе наплаќаат за рачен багаж во иднина?

Читај повеќе

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Читај повеќе

Макрон: Русија се соочува со пораз

Читај повеќе

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе