Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на улицата „Анте Хаџимитков“ бб, без вода ќе останат корисниците од улицата „Стеван Цветковски“ во населбата Маџир Маало, Општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9:00 часот па сѐ до завршување на работата.