Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40% во однос на одлуката од 22 април.

Од 29 април од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 73,50 (ден/л)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 75,50 (ден/л)
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 66,00 (ден/л)
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 (ден/л)
- мазут М-1 НС 37,155 (ден/кг)
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 како и на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 денара/литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 денари/килограм и сега ќе изнесува 37,155 денари/килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,713%, кај дизелот за 1,399%, кај екстра-лесното масло за 1,293% и кај мазутот зголемувањето е за 1,959%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3526%.