Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6 април.
Од 15 април од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 82,00 (ден/л)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 84,00 (ден/л)
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 95,50 (ден/л)
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 96,50 (ден/л)
- мазут М-1 НС 49,227 (ден/кг)
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,084 денари/килограм и ќе изнесува 49,227 денари/килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,703%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 4,476%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7165%.