Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје – објави на Facebook, директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски.

„Во насока на ослободување на просторот и оригиналниот изглед на железничката станица, започнавме со отстранување на сите билборди, светлосни реклами и останати информативни реклами кои години и декади наназад го нарушуваат автентичниот изглед на станицата. Ова ќе биде фазен процес кој ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација“, напиша Ивановски.

Ивановски во октомври годинава најави целосна реконструкција на железничката станица со зачувување на основниот изглед, кој е направен во 1981 година по основниот проект на Кензо Танге, но со нови модерни елементи во архитектурата.

„Ќе има промени на инсталациите, електроинсталациите, ќе се решат греењето, ладењето, водоводот. Она што Станицата изгледа како пит-стоп на Формула 1 веќе нема да биде така. Ќе има забрана за рекламирање и какви било билборди и сè што во моментот го гледате. И за тоа нема да го чекаме проектот. Ќе почнеме веднаш. Договорите што ги имаме за закуп на рекламни паноа веќе нема да ги продолжуваме. Оние што се актуелни ќе ги замолиме компаниите за малку совесно, одговорно општествено однесување, да ги раскинеме спогодбено. Потоа ќе има промена на содржини. Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб во државата“, рече тогаш директорот Ивановски

реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Македонија

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Read more

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Read more

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Read more

Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба

Read more
 

Вести

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Читај повеќе

Венецуелката Мачадо му ја додели Нобеловата награда за мир на Трамп

Читај повеќе

Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец

Читај повеќе

Земјотрес од Албанија почувствуван во Охрид и Струга

Читај повеќе
  • play_arrow

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Читај повеќе

Сведоштво од Иран: Војна е, нè убиваат затоа што немаат место во затворите

Читај повеќе

Нови израелски напади врз Газа: Убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Читај повеќе

Институт за медицина на трудот: Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести

Читај повеќе

Во Центар кај ЈБТ денеска ќе нема вода

Читај повеќе