Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 18.04 (петок), 20.04 (недела) и 21.04 (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ). Од ова исклучок се затворените паркиралишта „Дилајла“ и „Трготекстил“.
Согласно програмата за неработни денови за 2025 година, 19.04 (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 22.04.2025 година (вторник) со вообичаено работно време.