Пешевски: Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар

Според потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија за приватен сектор, Иван Пешевски, приватниот сектор во Македонија е главен двигател за економската состојба на државата.

Приватниот сектор, како што посочи, е нешто што мора веднаш да се подобри со квалификуван кадар и млади луѓе.

„Но, за овие две работи, потребни се достоинствени, односно безбедни услови за работа и повисоки плати. Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата која ќе се множи со коефициентот на сложеност и со тоа ќе пораснат и останатите плати“.

Во овие дејности од приватниот сектор, како што истакна, не треба да има плати помали од 50.000 и 60.000 денари и барањето се однесува на сите работодавачи од приватниот сектор, особено на оние кои пред некој ден се изјасниле дека нема квалификуван кадар.

Пешевски им порача дека кадарот ќе недостасува уште повеќе доколку работодавачите не зголемат плата.

Потсети дека ССМ активно работи на правна заштита на работниците, и појасни дека во текот на 2024 година, бесплатна правна помош и заштита добиле над 12.234 работници кои се обратиле до ССМ.

Тој обзнани дека додека се разгледува барањето на ССМ за бројот на членови, пријавени се повеќе напади кон членовите на гранките во ССМ и притисоци за отчленување и фаворизирање на друг синдикат кој не бара зголемување на плати.

„Оттука се сомневаме дека можеби и затоа е омилен синдикат на Владата. Нашиот апел е да не се наседнува на ваков тип притисок“, порача тој.

Ги повика работниците да се приклучат кон првомајскиот протест, а Владата и газдите конечно да ја побараат вината во своите редови, бидејќи како што рече, државата ќе остане и без тие работници.

Итно зголемување на платите, особено на работниците во приватниот сектор, порача Пешевски.

Тагови
реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

24 мај 1964, најголемата фудбалска катастрофа

Read more

Македонија

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Read more

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Read more

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Read more

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе